Бројот на новозаразени од коронавирусот во Јапонија забрзано се зголемува и земјата е на праг од прогласување на вонредна состојба, изјавија од кабинет на премиерот, Јошиде Суга.

Иако во Јапонија има околу 2.200 заболени лица од кои починаа 66, што е многу помалку отколку во другите делови на светот, сепак има тренд на раст на новите случаи со ковид-19, така што во Токио само вчера биле регистрирани 76 случаи.

„Јапонската Влада ќе стори се што треба да ги минимизира последиците од вирусот, меѓудругото и врз економијата“, рече Суга.

Одлуката за воведување вонредна состојба, сепак, сè уште не е донесена, иако на социјалните мрежи има се повеќе барања тоа да се направи, пренесуваат британските медиуми.