Во Јапонија е потврден првиот случај на зараза со сојот Омикрон на коронавирусот, откриен кај турист кој неодамна допатувал од Намибија.

Секретарот на јапонската Влада, Хироказ Матсуно изјави дека пациентот има околу 30 години. Тој на 28 ноември е тестиран на аеродром и по позитивниот резултат е изолиран и редовно прима терапија.

Неговата вчерашна анализа утврди дека е заразен со Омикрон сојот, за кого Светска здравствена организација предупреди дека е високо ризичен. Омикрон сојот првпат е откриен во лабораторија во Јужна Африка.

Јапонија вчера превентивно ги затвори границите за странци со цел да се спречи ширењето на новиот сој Омикрон, кој според експертирте може да биде опасен и за вакцинираните лица.