Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески во интервју за МИА: Ставот на Обвинителството беше да не се прифати гаранцијата за Мијалков

0
By Sashko on December 30, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да не се прифати понудената гаранција за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше ставот на Обвинителството во постапка што се водеше. Овој став, како што вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, произлегува од неколку причини. Не мало значење, според него, има и податокот дека за дел на имотот претходно е воспоставена хипотека од Комерцијална банка Скопје.

Ставот на Обвинителството во целата постапка што се водеше по повод понудената гаранција за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше да не се прифати понудената гаранција од неколку причини. Обвинителството даваше негативни предлози затоа што процени дека нема увид во имотната состојба на обвинетиот и второ имотот којшто се нуди за гаранција се состои во недвижни предмети кои се нудат по исклучок, инаку гаранцијата по правило се полага во готови пари од една страна, од друга страна понудениот имот нема доволен квалитет за да може брзо да се впаричи, вели Јовески.

Тој потенцира дека укинувањето на мерката притвор е одлука на судот и затоа во овој момент не може да ја коментира.

Обвинителството ги коментира тие одлуки во делот на правните лекови од една страна, а од друга страна јас се уште не сум ја видел одлуката, ниту образложението на донесената одлука, истакна Јовески.

Појасни дека гаранцијата во основа се полага во пари, во вредности или во други драгоцености коишто лесно можат да се впаричат и дека висината на гаранцијата зависи од семејните и имотните состојби и личноста на обвинетиот.

Не мало значење, според државниот јавен обвинител, има и податокот дека за дел на имотот претходно е воспоставена хипотека од Комерцијална банка Скопје.

Во постапката Комерцијална банка Скопје даде согласност дека сака да биде доверител од втор ред, додека државата да биде доверител во делот на гаранцијата од прв ред, потоа таа согласност ја повлече и одново даде таква согласност. Со оглед на тоа што за одобрување на кредитите има посебна постапка и интерни упатства и процедури, а Народната банка се грижи за функционирање на банкарскиот систем во земјата, сметам дека Народна банка треба да испита дали со оваа согласност некој излегол вон рамките на своите службени овластувања, или пак се доведени во прашање интересите на другите комитенти на банката, подвлече Јовески.

Во делот на непроверените изјави дека во судскиот совет кој ја донел одлуката учествувал судија кој бил на боледување, обвинителот Јовески рече дека во овој момент неможе да ја потврди таа информација.

Тоа веројатно треба да го утврди судскиот совет, со оглед на тоа што судија којшто е на отворено боледување неможе во тој момент да ја извршува судската функција, додаде тој.

Во делот на предметот „Плацеви на Водно“, Јовески рече дека станува збор за дејствија кои што се извршени пред повеќе години наназад, дека станува збор за дејствија извршени од повеќе лица, дека тоа во тој момент кога се преземале дејствијата било толерирано и дека „Обвинителството и другите надлежни институции тешко можат да ги прибираат доказите, но со напор на обвинителите, се разбира и на другите служби од кои Обвинителството бара определени податоци, ние имаме релевантни докази за ова кривично дело“.

гаранција интервју Љубомир Јовески Македонија обвинителство Сашо Мијалков став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.