Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Југохром утре ќе потпише договор со Владата, во март-април стартува

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 9, 2017 10:00

Фабриката за феролегури „Југохром“ во Јегуновце, која беше затворена поради неизградба на филтер станица, според најавите, повторно ќе почне да работи во март или април следната година.

Утре во Владата на Република Македонија е најавено потпишување договор со сопственикот и со синдикатот на фабриката.

Ова го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на 5 октомври на митинг во Тетово нагласувајќи дека „Југохром“ повторно ќе работи со цел капацитет и по еколошки стандарди.

На 2 ноември 2016 година, „Југохром“ целосно го запре производствениот процес и околу 800 луѓе останаа без работа. Раководството на комбинатот одлучи да ја спроведе одлуката на Испекторатот за животна средина за затворање на фабриката поради непочитување на крајниот рок за изградба на филтер станица кој истече на 30 октомври 2016 година. Неколку пати потоа вработените во „Југохром“ протестираа барајќи решавање на нивниот проблем.

Здружението „Еко-герила“ пред неколку дена оцени дека изјавата на премиерот Зоран Заев, дека „Југохром“ ќе започне со работа со полн капацитет со поставување филтри во месец март, е предизборна пропаганда.

-Тетово беше најзагадениот град во Европа. Со затворањето на ‘Југохром’ убедливо се докажа дека градот Тетово и неговата околина се 60% помалку загадени. Политичката класа која го толерираше масовното труење на Тетово со години мора да ја носи најголемата одговорност во историјата, реагираат од „Еко герила“.

Како што е запознаен и самиот премиер, велат од таму, за еден толку голем индустриски капацитет , за да работи со полн капацитет, поставувањето на филтрите бара минимум две години.

-Изјавите дека со работа може да се започне во март ги сметааме за несериозни. Секоја козметичка импровизација ќе биде неприфатлива. Силно повикуваме на строга инспекција со исполнувањето на сите еколошки стандарди со нулта толеранција за непочитување на истите. Инаку, одговорот на граѓаните ќе биде суров. Назад не постои, здравјето на граѓаните пред се’, соопштува „Еко герила“.

Влада Договор Еко Герила Зоран Заев Југохром локални избори 2017 филтри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.