НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како се рашири епидемијата на лаги против 5Г технологијата

0
By Нова ТВ on April 25, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само три дена агресивна кампања на неколку портали и платформи на социјални мрежи, познати по нивните тенденциозни објави, беше доволно за населението да биде контаминирано од предрасуди и лаги. Во една репортажа на локална телевизија направена во општината Облешево-Чешиново репортерот ги анкетира граѓаните за тоа што мислат „зошто ластовичките се уште не се дојдени или ги има во само мал број“. Без дилема поголем број од соговорниците одговараат сосема уверени во тоа што го велат.

„Знаеме сите зошто е така, некој ни прави што сака и ние мора да трпиме” вели едниот соговорник а другиот има потреба да биде наполно експлицитен, па вели „ставија 5 гига, како се вика тоа 5 Џи и луѓето почнаа да умираат”, вели другиот.

Изјавите на орнитолозите, чија вокација се овие прашања за птиците, многу лаконски објаснија дека миграцијата на ластовиците е во тек и дека ќе трае да крајот на април посочувајќи дека поради наглите падови на темпаратурата забележани се и мртви птици. Па, сепак, нивниот научно втемелен став и објаснување во случајот не ги интересира горецитираните чии изјави се само илустрација за многу помасовна контаминација на јавното мислење.

Важно е да се каже и тоа дека соговорнците во споменатата репортажа се возрасни луѓе кој во случајот е јасно дека се жртви на една манипулација со јавното мислење која има своја позадина, се вели во текстот на Ф2Н2, независен проект за борба против лажни вести и наративи на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Кога шпанскиот сенат го ратификуваше пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО беше извесно дека кон крајот на државата и официјално ќе стане 30. земја членка на Северноатлантската алијанса. Подоцна, кога македонската влада ги депонираше пристапните документи во Вашингтон, согласно протоколите за членство, беше соопштено дека Северна Македонија станува официјално полноправна членка на НАТО и тоа токму на 27 март. Важно е да се каже дека процесот на интеграцијата на Македонија во НАТО беше цел на најразлични опструкции меѓу кои најефикасни беа лажните вести кои на различни начини требаше да го спречат извесното зачленување на државата во најмоќната воено политичка алијанса во светот.

Три дена пред официјализирањето на полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, на 25 март, на социјалните мрежи започнува масовна кампања за тоа дека здравјето на граѓаните е изложено на штетното зрачење на 5G технологијата. Во контекст на овој лажен наратив злоупотребена беше информацијата дека членството во НАТО подразбира и исполнување на сите стандарди на организацијата меѓу кои и воспоставувањето на безбедни комуникации вклучувајќи ја и 5G технологијата доколку е воспоставена во било која од земјите членки на Алијансата.

На 25 март низ интернет гужвата се провлекува вест со наслов “САД преку 5G мрежата пренесува коронавирус“. Веста со идентичен наслов се објавува на извесен портал mn.mk во кој веста од насловот завршува со зборовите „ЌЕ ИЗЧЕЗНЕ ЃАВОЛОТ И НЕГОВИТЕ СЛУГИ И ЌЕ НАСТАПИ РАЈОТ НА ЗЕМЈАТА И ВОЕДНО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ПРВОБИТНАТА СОСТОЈБА, ЗЕМЈА НА БОЖЈИОТ РАЈ. АМИН!!!“, заклучува извесен Александар Џеповски кој е потпишан како автор на овој текст. Истата содржина од истиот автор неколку часа подоцна е превземена од think.mk.

На 26 март ФБ групата „Фармери“ објавува слика од мртви птици со прашање дали некој знае што се случува со птиците. Следат коментари меѓу кои и такви за тоа дека причина за смрта на птиците е 5G технологијата. Постот од оваа група и коментарите со акцент на 5G технологијата се „инспирација“ за „новинарско истражување“ на 16 портали меѓу кои и добро познати на јавноста по нивните анти-НАТО наративи како и чести пласирања на лажни вести.

Насловите со мали варијации изгледат вака: „ШТО СЕ СЛУЧУВА?: Помор на птици низ Македонија – фармерите алармираат на опасност“. Следните портали беа дел од овој дезинформативен наратив: (1) Bregalnicki.mk; (2) Infomax.mk, (3) Denesen.mk,  (4) Vesnik.com, (5) Republika.mk,   (6) Skopje24.com.mk, (7) Vecer.mk, (8) Kurir.mk, (9) Ulica.mk, (10) Think.mk, (11) Skopje1.mk, (12) Shilomagazine.com.au, (13) Objektivno24.mk, (14) Novlist.mk, (15) 4news.mk , and (16)  Dubai-portal.com.mk.

И ако на 26 март објавите беа на ниво на дилема околу тоа што се случува со птиците, на 27 март денот на официјализирањето на членството на Македонија во НАТО, околу штетноста на 5G технологијата нема повеќе дилеми. „Пулс24“ објавува тескт со наслов „Ќе биде потрагично од Чернобил – мислење за 5Г технологијата” во прилог е видео преземено од добро познат извор на теории на заговор Дејвид Ајк. Истата објава е забележана и на извесен „news33.tv“ каде пак се повикуваат на видео со српски титл/превод во кое извесен доктор Томас Коуан објаснува дека коронавирусот е резултат на 5Г технологијата. Видеото е отстрането од админстрацијата на Јутјуб поради прекршување на правилата.

Наративот дека за се е крива 5Г технологијата истиот ден се засилува преку објава на стара вест од 2018 година со наслов „Македонски Телеком ја активира пробната 5Г мрежа во Македонија“ веста е точна, но во објавата од 27 март никаде не се наведува дека станува збор за вест од 2018 година туку се пласира како нешто што се случува сега и во моментот. Со тоа јавноста се неведува на одговор на дилемите објавени претходниот ден околу мистеријата за смрта на врапчињата или потеклото на коронавирусот. Ова „случајно“ реактуелизирање на вест од 2018 година го прават и bulevar.mk и  makedonskivesnik.mk

За да се дојде до крешчендото на операцијата порталот skopje1.mk истиот ден во фонот на распространетата конспирација за 5G технологијата објавува, случајно..!? уште еден наслов од 2019 година „Столтенберг: Државите кои се приклучуваат на НАТО како Македонија мора да имаат 5Г мрежа“ . Во продолжение на истата кампања истиот ден Infomax.mk и Dubai-portal.com.mk објавуваат наслов „ЗРАЧЕЊЕТО ОД 5Г БИЛО ШТЕТНО: Словенија го прекина воведувањето на 5G технологијата“ или „Швајцарија го стопираше проектот 5G заради загриженост за здравјето на своите граѓани“.

Следиот ден, на 28 март, се објавени уште пет слични дезинформации. Вкупно во само три дена од 25 до 28 март се регистрирани 32 вакви „вести“ на 24 различни портали од кои неколку вести со вакви содржини ги објавуваат повеќепати во текот на трите критични дена од оваа дезинформативна кампања.

Социјалните мрежи силна алатка за ширење лажни вести

За да го добие посакуваниот ефект на дезинформативната кампања, паралено со објавите на лажните вести во функција се ставаат ФБ групи и профили на поединци. Порталите кои ги објавуваат вестите на овој начин постигнуваат значителен број на споделувања на тие ФБ страници.

На 27 и 28 март се креираат две ФБ групи – „Стоп за 5Г.мк“ и „Стоп за 5Г мрежата во Македонија“. Се регрутираат многу брзо скоро 10.000 следбеници. Се постира се и сешто во духот на лагата и манипулацијата. Манипулативните слики во врска со 5G технологијата објавени на индивидуални профили успеваат да достигнат високи 3.400 поединечни споделувања на ФБ.

На активностите на социјалните мрежи се надоврзуваат и иницирање на две петиции против 5G технологијата повторно на критичниот ден 27 март кога се официјализира членството на Македонија во НАТО. Петициите „СТОП ЗА 5G ВО МАКЕДОНИЈА!!!“ и „STOP ZA 5G“, исто така, добиваат во кусо време повеќе од 18000 потписи.

И така во само неколку дена интензивната дезинформативна кампања предизвика мала револуција во јавното мислење. Анкатета на нашиот колега од Чешиново од почетокот на овој текст е јасна илустрација за ефектите на ваквите дезинформативни кампањи чија примарна цел беше да се минимизира и дискредитира историски настан за Северна Македонија каков што беше оној на 27 март кога државата стана 30 земја членка на НАТО.

Извор: Ф2Н2

5Г технологија вистина дезинформации кампања Македонија НАТО членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.