Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каменос: Александар Велики зборуваше грчки и не беше крал на Словените

0
By Светлана Јовановска on March 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 11, 2018 17:45

Употребата на името Македонија не е прашање на грчки егоизам туку на историска вистина и цивилизација, грчка и европска, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за францускиот весник «Liberation». Зборувајќи за Александар Македонски додаде дека некои симболи треба да престанат да се употребуваат.

На прашањето што е причината за преговорите помеѓу Грција и Македонија за името на земјата, Каменос, лидер на десната националистичка партија “Независни Грци”, вели:

«ПЈРМ има многу да добие од договорот со Грција за нејзиното идно име. Така, таа ќе може да влезе во НАТО и ЕУ. Употребата на името «Македонија» не е прашање на грчки егоизам туку на историска вистина и цивилизација, грчка и европска. Во својот проект за Европски устав, напишан од Валери Гискар д’Естен (поранешен француски претседател), во 2004 година, членот 1 прецизира дека европската цивилизација е заснована на грчката цивилизација. Тоа не враќа на историјата на Александар Велики, кралот на Македонија, кој зборуваше грчки а не на историјата на Александар Велики, крал на Словените. Дури за време на Тито почна да се употребува името Македонија. Тој сакаше да креира Егејска Македонија. Некои симболи треба да престанат да се користат», го објаснува Каменос својот поглед на историјата.

На прашањето дали договор е можен, Каменос вели:

«Има напредок. Но ќе биде тешко, во ПЈРМ, да се најде парламентарно мнозинство за да се смени Уставот и да се убеди јавноста. Во Грција, грчкиот народ во огромно мнозинство не може да прифати понуда со име кое содржи «Македонија». Ова чувство не е само кај конзервативните сили како Православната црква или армијата; овој став го делат и личности од левицата како композиторот Микис Теодоракис. Би направил политичко злосторство доколку ја оставам само екстремната десница да им даде поддршка на демонстрантите националисти кои манифестираа на 4 февруари. Тоа носи ризик неонацистите од Златна зора да станат втората политичка сила. Тоа би била катастрофа за Грција и европската иднина», вели Каменос.

Каменос: Грција и Турција на чекор од трагичен инцидент

Повод за ова интервју се тензиите помеѓу Грција и Турција штор астат во последните месеци и кои ги потхранува одбивањето на Атина да ги екстрадира во Турција осумте турска офицери што побараа азил во Грција во неуспешниот пуч во Турција од јули 2016 година.

За Каменос ова не смее да се претвори во «бескраен политички трилер» и бара проблемите да бидат решени на мирен начин. Според него, во една година нарушувањето на грчките територијални води се зголемило за 450 проценти и на воздушниот простор за 48 отсто па оттука тој редовно ги брифира сите НАТО сојузници за состојбата. Грција и Турција се членки на НАТО.

Министерот тврди дека двете земји «се сосема блиску до смртен инцидент»:

«Кога воздушниот простор е нарушен, ние праќаме авиони за да ги следат турските авиони до излезот од нашиот простор. Ние тогаш сме на милост и немилост пред несреќа што може во секое време да се прошири на крајбрежната стража, морнарицата …»

Двајца војници на грчката армија беа уапсени на 2 март од страна на турската армија поради тоа што влегле во забранета воена зона. Двајцата војници тврдат дека влегле по грешка а нивните адвокати поднесоа жалба на нивното затворање. Но жалбата беше отфрлена од еден суд на северо-западот на Турција.

Liberation Грција интервју Македонија Панос Каменос преговори спорот со името Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.