Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кампања ќе водат Собранието и Владата- ќе чини 1,3 милиони евра

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Буџетот за кампањата за претстојниот референдум е веќе утврден и е проектиран на 80 милиони денари кои ќе му бидат ставени на располагање на Собранието на Република Македонија како предлагач на референдумот.

Средствата ќе се обезбедат од тековната буџетска резерва, а доколку на крајот од кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во Буџетот на Република Македонија.

Вчера, првите луѓе на пратеничките групи на координативната средба кај претседателот на Собранието, на која не присуствуваше само ВМРО-ДПМНЕ, се договорија да се формира Координативно тело за спроведување на референдумот со кое ќе раководи спикерот Талат Џафери, а членови ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Собранието, како што информираа оттаму, ќе им даде можност на сите пратеници кои се „за“, „против“ или за „бојкот“ на референдумот, пропорционално според изјаснувањето да бидат застапени и да можат да ги изразат своите ставови и аргументи пред јавноста.

Од Владата, пак, вчера информираа дека ќе спроведат процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес преку соопштенија, брифинзи, прес-конференции, интервјуа и ТВ и радио гостувања, како и теренски посети, неформални средби, гостувања и учество на јавни настани. Ќе ги користат и социјалните медиуми како Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Фликр и Јутуб, за што ќе одвојат 400.000 денари од редовниот буџет на Генералниот секретаријат на Владата.

Одлуката за кампања со информативен карактер ја донесе Владата на минатата седница. Со кампањата, граѓаните треба да се информираат за придобивките од влезот на Македонија во Европската Унија и НАТО, за конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство и да се повикаат да го остварат правото на гласање на референдумот и преземање на одговорност за носење важни одлуки.

Влада кампања референдум Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.