Судот во Минеаполис одреди кауција од еден милион американски долари за тројцата полицајци кои се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорд Флојд, Афроамериканецот кој почина откако нивниот колега Дик Шовин речиси девет минути му клечеше на вратот.

Казната за тројцата полицајци, кои вчера за првпат се појавија пред судот, ќе може да се намали на 750.000 долари, но под одредени услови, вклучувајќи го и губењето на правото за носење на какво било лично оружје, пренесуваат британските медиуми. Следното рочиште судијата го закажа за 29 јуни.

Откако вчера се појави наодот од обдукцијата на Флојд, според кој смртта настапила како последица на срцев удар, Томас Лејн, Александар Куенг и Ту Тао се обвинети за помагање и поттикнување на убиство од втор степен и убиство од небрежност од втор степен. Тројцата се соочуваат со казна затвор од 40 години.

Шoвин, полицаецот кој клечеше врз вратот на Флојд пред да почине, е обвинет за убиство од втор степен и ќе се појави на суд во понеделник.