Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе има судење за случајот „Тврдина“, Кривичен го прифати обвинението

1
By Нова ТВ on October 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 27, 2017 14:53

Кривичниот суд попладнево го прифати обвинителниот акт на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“, дознава НОВА ТВ од извори во Судот. Тоа значи дека на обвинетите во овој случај ќе им се суди за уништување на системите за прислушување.

Обвинети во овој случај се луѓе кои беа во полицискиот врв во време на претходната Влада. Како наредбодавач, обвинет дека наложил да се уништат системите за прислушување е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. За злоупотреба на службената положба ќе одговараат екс министерката, Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, како и двајцата бегалци, бившите началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Истрагата за предметот со кодно име „Тврдина“ беше отворена на 29.03.2016 година. СЈО обелодени дека со цел да се сокријат трагите од нелегалното прислушување, биле уништени два система за прислушување од УБК вредни 10 милиони евра. Уништувањето на системите е извршено минатата година на 28 март во отпад.

Се очекува деновиве Кривичниот суд да го одреди датумот кога обвинетите ќе седнат на обвинителна клупа. Судењето може да почне без оглед дека двајца од обвинетите, Грујевски и Бошковски, не се достапни на македонските правосудни органи и се очекува нивна екстрадиција од Солун. Ним може да им се суди и во отсуство.

Горан Грујевски Гордана Јанкулоска Никола Бошкоски прислушување Сашо Мијалков Тони Јакимовски УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.