Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се отвора истрага дали поранешниот папа Бенедикт XVI знаел за сексуално насилство врз деца

0
By Sashko on January 20, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: tt.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 08:44

Во Германија денеска ќе се објави извештај што може да отвори потенцијален скандал за сексуално насилство врз деца во католичката црква, а меѓу оние кои можат да се најдат во центарот на внимението е поранешниот папа Бенедикт XVI, јавија француските медиуми.

Во извештајот на адвокатската канцеларија Westpfahl Spilker Wastl (WSW) се анализира како биле разгледувани случаите на злоупотреба во Архиепископијата во Минхен и Фрајзинг меѓу 1945 и 2019 година. Извештајот е нарачан од Минхенската архиепископија, а во него требаше да се испита дали „одговорните ги почитувале законските барања, како и дали дејствувале соодветно во справување со сомнителни случаи и можни извршители“.

Поранешниот папа Бенедикт, чие име е Јозеф Рацингер, беше архиепископ на Минхен од 1977 до 1982 година.

Во тоа време, свештеникот – педофил Питер Хулерман бил обвинет за малтретирање на едно 11-годишно момче. Тој е казнет со преместување во Минхен од Есен, во Западна Германија. И покрај скандалот, тој продолжил да извршува пастирски должности и во 1986 година бил осуден на условна казна за насилство врз неколку деца.

Инспекторите сугерираат дека случаите на насилство се случувале во времето кога Рацингер бил архиепископ на Минхен.

И по осудата, Хулерман продолжил да работи со деца. Неговиот случај е пример за неправилниот став на црквата кон насилниците.

Бенедикт негираше дека знаел за историјата на свештеникот. Според германските медиуми, бившиот папа дал изјава од 82 страници како одговор на истрагата.

Почесниот папа „ја зема при срце судбината на жртвите на насилство“ и во целосно се согласува „да се објави извештајот од Минхен“, изјави неговиот портпарол Георг Хансвејн за весникот „Билд“.

Во 2013 година, 94-годишниот Бенедикт стана првиот папа кој поднесе оставка по 600 години. Сега тој живее во поранешен манастир на територијата на Ватикан.

Реформаторската католичка група „Wir sind Kirche“ (Ние сме црква) го повика поранешниот понтиф да преземе одговорност за тоа што се случило, додека раководел со епархијата во Минхен.

Признание на Рацингер, дека со своите дејствувања или недејствувања, знаење или незнаење, е лично и професионално соучесник во страдањата на многу млади, би било пример за многу други епископи и одговорни лица, се наведува во изјавата.

Во последните години, Католичката црква во Германија е потресена од серија извештаи, во кои се открива за широко распространето насилство врз деца од страна на свештеници.

Студијата нарачана од Германската епископска конференција во 2018 година, тврди дека 1.670 свештеници во земјата извршиле некаква форма на сексуален напад врз 3.677 малолетници меѓу 1946 и 2014 година. Но, постојат сомнежи дека бројот на жртви е многу поголем.

Германија деца Извештај Католичка црква Папа Бенедикт XVI Свет Сексуално злоставување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.