Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клиниката за интерни болести се враќа во нормала: Се затвораат дел од ковид центрите, без нови мерки за празниците

0
By Sashko on December 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, а дел од ковид центрите се затвораат и целата интерна клиника се враќа во нормала, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа што, како што рече, собири на јавни места има насекаде и пред Нова година. Практично, вели тој, кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници и по сето тоа ќе спласне.

Филипче истакна дека не може да се предвиди дали некоја варијанта на вирусот ќе придонесе за влошување на епидемиолошката ситуација, но додаде дека затоа акцент е ставен на вакцинацијата, оти, според податоци од студии, третата доза ја зголемува ефикасноста против најновиот сој омикрон.

Во однос на вакцинираните, министерот смета дека процентот е висок, но и дека интересот е спласнат.

Сметам дека опфатот, којшто според новиот попис е помеѓу 50, па дури и 55 проценти, ако се исклучат децата, сепак е висок, прилично висок процент. Жал ми е што спласна интересот и нема да достигнеме за кратко време 70 или 80 проценти опфат, изјави Филипче.

Министерот нагласи дека со овој опфат на вакцинација, ние во континуитет сме во подолг временски период на намалување на бројот на случаите.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 320 случаи на ковид-19 од направени 3.366 тестирања или 9,5 отсто, што е во рамки на просечниот процент на позитивност од претходната недела.

Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.

вакцинација Венко Филипче Клиника за интерни болести Ковид центри Ковид-19 Македонија рестрикции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.