Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ачевска-Каранфиловска:Односи САД-Македонија по претседателските избори

0
By Биљана Секуловска on November 8, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 8, 2016 20:39

Првата амбасадорка на Македонија во САД, Љубица Ачевска и амбасадорката Елеонора Каранфиловска- Ратклиф за НОВА ги анализираат промените во Америка зависно од победникот на претседателските избори, како и улогата и односите на Америка во Македонија доколку американските граѓани се одлучат за републиканецот Трамп или демократката Клинтон.

Дали нешто ќе се смени во САД доколку победи Хилари Клинтон или републиканцот Доналд Трамп?

„Не, не мислам така, затоа што оваа држава има многу силна традиција за демократија, за судскиот систем и за надворешната политика. Мислам дека САД е се уште моќна држава и во таа смисла и сметам дека системот ќе продолжи како силна демократија. Секако дека ќе има промени во луѓето кои ќе дојдат на власт, но верувам дека САД ќе продолжи да ги следи правците на демократска држава и се уште ќе биде заинтересирана со тоа што ќе се случува во светот и да им помага на државите на кои им е потребна помош. Исто така, мислам дека кој и да дојде на власт ќе мора многу да работи за да биде претседател на сите држави, затоа што имаше многу цинична, црна кампања. Мислам дека претседателот ќе треба да ги спои сите заедно, за државата да може да почне да заздравува од кампањата и да го направи она што е најдобро за граѓаните на САД, да го има в предвид и останатиот дел од светот, да им помогне на сите да се согласуваат и да има подобар живот за сите“.

Кога би направиле компаративна анализа, меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп, кои се нивните главни карактеристики како би ги дефинирале? Што им е заедничко, а што е она што ги разликува?

„Клинтон има многу политичко искуство. Таа беше прва дама, државен секретар, сенатор и има искуство во работата во Вашингтон и во комуникацијата со лидерите во светот. Има подобро разбирање за меѓународната состојба и во таа насока таа е многу квалификувана да биде претседателка на САД или на било која држава. Што се однесува до господинот Трамп, тој е многу успешен бизнисмен, има изградено многу успешна бизнис империја, има и големо економско искуство, а навистина нема политичко искуство, и мислам дека тоа на многу луѓе им е привлечно и затоа има поддршка од многу луѓе. Да бидеме искрени, работите во политичката арена во Вашингтон не се толку добри во последно време, а тој доаѓа како аутсајдер и токму од овие причини мислам дека има толку многу поддршка. Мислам дека многу луѓе се изненадени од тоа што тој дојде дури до тоа да биде републиканскиот кандидат за претседател. Во секој случај мислам дека без оглед на тоа кој ќе ја добие власта, двајцата кандидати околу себе треба да имаат луѓе кои ќе им помогнат да ја водат државата, луѓе со искуство и знаење за да се справат со меѓународните позиции и економски проблеми. Мислам дека тоа за двајцата ќе биде многу важно. Политичките лидери, конгресот ќе мора да му дадат шанса на претседателот, да го поддржат, да му помогнат да ја води државата. Исто така мислам дека е многу важно и граѓаните да го поддржат претседателот, затоа што кој и да е победи, претседател на САД, а граѓаните мора да го поддржуваат претседателот. Исто така сметам дека е важно и меѓународната заедница да го поддржи новоизбраниот претседател и да комуницира со него за доброто на сите“.

Дали би имало некаква промена во политиката на Америка кон Македонија во зависност од тоа кој кандидат ќе победи?

„Мислам дека нема да има големи промени во односите на САД кон Македонија без оглед кој и кандидат да победи. Но, исто така мислам дека Македонија мора да работи за да ги зајакне односите со САД и луѓето кои се во САД да работат за да се осигураат за работите да не се влошат и да ги зајакнат врските меѓу САД и Македонија“.

 

амбасадорки анализа Доналд Трапм избори претседател Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.