Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конечно финале: Вардарки против Ѓер за титулата во ЛШ

0
By Нова ТВ on May 6, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По трите неуспешни обиди, ракометарките на ЖРК Вардар, конечно, стигнаа до финале во Лигата на шампиони. И тоа не преку кого било туку преку, сé уште, актуелниот првак. „Црвено-црните“ го полуфиналето го детронизираа ЧСМ Букурешт по убедливиот триумф во „Ласло Пап“ арена во Будимпешта со 38:33 (полувреме: 21:13) како одмазда за ланскиот пораз во истата фаза. Финалето е утре од 17.45 ч. во кое вардарки ќе играат со Ѓер за континенталниот трофеј во обид да го повторат успехот на Кометал Ѓорче Петров од пред деценија ипол.

Вардарки завршија работа уште во воведните 30 минути. На одмор заминаа со огромни осум гола предност што беа доволни за продолжението и реализација на првичната мисија – пласман во финале, а потоа и генералната за што се работеше цела сезона – освојување на титулата. Тоа е, секако, можно ако ЖРК Вардар и против домаќинот на турнирот функционира како швајцарски часовник што беше случај против ЧСМ Букурешт.

Пенезиќ и Радичевиќ постигнаа по седум погодоци, Лекиќ реализира шест, Французинката Ниомбла со осум беше лидер на романскиот претставник.

Во меч за бронзениот медал утре (15.15 ч.) ќе разигруваат Будуќност и ЧСМ Букурешт.

ЧСМ Букурешт – ЖРК Вардар 33:38 (13:21)

Арена „Ласло Пап“ во Будимпешта. Гледачи: 12.000. Судии: Викторија Алпаидзе и Татјана Берескина (двете од Русија). Ц. картон: Хмирова (ЖРК Вардар).

ЧСМ Букурешт: Јордаче, Унгуреану, Грубишиќ, Гулден 4, Куреа 2, Даче, Агло 1, Базалиу 1, Брадеану 1, Торстенсен 5, Мартин Беренгвер 4, Манеа 2, Ниомбла 8, Лобач 3, Мехмедовиќ 2, Беме. Тренер: Пер Јохансон.

Седмерци: 5/8. Исклучувања: 2 минути. Технички грешки: 1

ЖРК Вардар: Лејно, Суслина, Пешоа, Радичевиќ 7, Кликовац, Херем 4, Мавсар, Дамњановиќ 2, Лазович 2, Алтхаус 1, Пенезиќ 7, Човиќ 3, Лакрабер 5, Хмирова 1, Лекиќ 6, Ристовска. Тренер: Ирина Дибирова.

Седмерци: 0/2. Исклучувања: 12 минути. Технички грешки: 3

 

Лига на шампиони – Фајналфор (Будимпешта)

Полуфинале

ЧСМ Букурешт – ЖРК Вардар 33:38 (13:21)

Будуќност – Ѓер 20:26 (9:12)

За трето место: Будуќност – ЧСМ Букурешт (недела, 15.15 ч.)

Финале: Ѓер – ЖРК Вардар (недела, 17.45 ч.)

Будимпешта ЖРК Вардар Лига на шампиони Полуфинале ракомет Фајналфор ЧСМ Будуќност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.