Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конечното решение за името можно е да се поврзе со членството во ЕУ

0
By Нова ТВ on April 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 29, 2018 10:45

Премиерот Зоран Заев смета дека е можно конечното решение на спорот со Грција околу нашето име да биде врзано влезот на Македонија во ЕУ, кога со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ се отвара и Уставот.

-Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и Уставот, можеби и тука е решението, поради тоа што знаете дека Грција бара и промена на Уставот, заради промената на уставното име. Јас сум убеден дека креативноста ќе ги изнајде овие решенија, вели Заев, во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој не сака да прецизира што останува како нерешено прашање во преговорите, поради, како што вели сензитивноста на прашањето, но истакнува дека за се што се преговара, е всушност условено и дека ако нема конечно решение, ништо од досега договореното нема да важи.

Во однос на информациите дека всушност опсегот на употребата на новото име е она на што сега се фокусирани преговорите, Заев објаснува која е всушност пречката.

-Сега ерга омнес се појави дополнително и за внатрешна употреба, но се работи за политичко прашање. Зошто политичко? Затоа што двете страни мора да изнајдат решение коешто е взаемно прифатливо, за да помине низ институциите на двете земји. На крајот Зоран Заев и Алексис Ципрас можат да подадат рака, да постигнат договор, Никос Коѕијас и Никола Димитров исто така, но институциите се тие коишто го носат конечниот став и одлуките, така и граѓаните на двете земји. Затоа мораме да водиме грижа и да бидеме креативни во изнаоѓање на решение, кое ќе ги задоволи барем минималните потреби на двете земји, а тоа е да има достоинствено решение и да се сочува идентитетот на двете земји со заемно разбирање и почит, вели Заев.

По јасниот руски став, пренесен преку рускиот амбасадор во земјава, на прашањето што Русија може да направи во однос на нашето членство во НАТО, Заев е уверен  дека Москва не може ништо да направи за да го спречи тоа.

-Тие имаат свои ставови.  Македонија е мала земја која е пријател со Руската федерација и која сака да биде пријател. Нашето членство во НАТО не е да напаѓаме, туку да го сочуваме мирот, а тоа значи стабилност и во економска смисла, вели Заев.

Во однос на економската состојба и прогнозите на експертите дека за економски напредок на земјата потребен е раст од 5% , Заев признава дека тие се во право, и дека е оптимист оти Македонија годинава ќе ја заврши со раст од 4%, наместо прогнозите на хартија од 3,2%.

Прашан за изборното ветување дека на портата Македонија ќe биде поставен бројчаник кој ќе ги покажува украдените пари од претходната власт, Заев вели дека тоа ќе го оствари, но мора да има правослини пресуди за осомничените.

-За да може некој да ги врати украдените пари и да се конфискува имот мора да има правосилна пресуда, по што почнува постапката за враќање на украдени пари, имот, на обештетување на државата. Јас тогаш реков, бидејќи државата нема пари, јас приватно ќе поставам еден бројчаник кој чини околу 5-6 илајди евра, веќе проверив. Тоа не е заради суета, туку да остане спомен за следните генерации дека тој што ќе украде од државата ќе биде фатен и ќе треба да ги врати украдените пари, вели Заев во интервјуто за РСЕ.

бројчаник економија Заев НАТО Преговори за името решение Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.