Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контроверзниот Зараб пред американски суд: Подмитував турски министер

0
By Нова ТВ on November 30, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 30, 2017 16:34

Контроверзниот бизнисмен со иранско-турско потекло, а кој поседува и македонски пасош, Реза Зараб, во сведоштво пред американскиот суд рекол дека го подмитил поранешниот министер за економија на Турција, Зафер Чаглајан како дел од милионска трговска шема преку која ги заобиколил санкциите врз Иран наметнати од САД.

Зараб, чие име се поврзува со Македонија, во јавноста излезе минатата година. Според американските обвинители, тој поседува четири пасоши: ирански, азербејџански, турски и македонски. Како и зошто го добил македонскиот пасош, и дали извлекувал пари од Македонија се уште не се знае и е предмет на повеќето истраги на американските истражни органи.

Во судското рочиште кое се следи будно во Турција и во САД, Зараб рекол дека му платил на Чаглајан околу 45 до 50 милиони евра мито помеѓу 2012 и 2013 година со цел да му помогне во трговската размена на нафта за злато и да ги заобиколи санкциите.

Зараб во моментов е главен сведок на обвинителите.

Во случајот обвинети се и поранешните заменици генерални директори на Халкбанк, Хакан Атила и Сулејман Аслан, екс министерот Чаглајан како и уште неколку лица кои се во Турција и се на слобода.

Според американските обвинители, шемата овозможила стотици милиони евра од нафтени приходи да се движат низ меѓународниот банкарски систем, заобиколувајќи ги американските санкции.

Овие вести не се добри ниту за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој во тоа време беше премиер на Турција, ако се докаже дека неговата влада го покривала злосторничкото здружување.

Но и Ердоган и неговите соработници тврдат дека судењето е заговор на неговиот најголем противник, Турчинот Фетулах Ѓулен, кого турската влада го обвинува за обидот за државен удар минатата година.

Потсетувајќи на ставот на владата, турскиот заменик-премиер Бекир Боздаг неодамна за агенцијата Анадолу изјави дека „Зараб станал клеветник под притисок“.

Во своето сведоштво пред американскиот суд, Зараб рекол дека најпрво, во 2011 година, стапил во контакт со поранешниот  заменик-генерален директор на Халкбанк, Сулејман Аслан за да ги покрие транскациите и да ја води операцијата, но бил одбиен.

По ова, според неговото сведоштво, тој стапил во контакт со Чаглајан, по што и лично се сретнале.

„Имавме тет-а-тет средба со Чаглајан. Тој побара детали за трговската размена. Праша за профитот и потоа рече дека може да го поделиме по пола“, рекол Зараб.

Потоа во шемата влегол и Хакан Атила кој ги покрил транскациите со Иран.

Зараб беше уапсен во март 2016 година во Мајами.

 

Ердоган Иран Реза Зараб САД санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.