Координативната средба на парламентарните партии и денеска заврши без успех.
Партиите не се договорија кој ќе биде претседател на Комисијата за избори и именувања, ниту пак кога ќе биде продолжението на Конститутивната седница на Собранието.
Проблем за да се постигне договор е тоа што и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сакаат да ја водат Комисијата.
Средбата меѓу политичките партии ќе продолжи утре во 11 часот.
Веќе втор ден, пратеници од парламентарните партии се обидуваат да се договорат кој да ја предводи оваа комисија која ќе брои 13 члена.
Вчера беше договорено ВМРО-ДПМНЕ да има 6 члена, СДСМ – 5, а ДУИ и БЕСА по еден член.