Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус биланс: Над 3.000 починати лица и преку 90.000 заразени во светот

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 СВЕТ
Фото: foxnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со последните 42 лица што ги објави Кина, вкупниот број на смртни случаи во светот, како последица на компликации по заразувањето со коронавирус, надмина 3.000. Над 90 отсто од нив се регистрирани во кинеската провинција Хубеи во која се појави болеста кон крајот на минатата година. Во светски рамки има, речиси, 90.000 потврдени случаи на инфекција, а бројот на заразени сега расте побрзо надвор од Кина, отколку во оваа далекуисточна земја.

Светските медиуми, цитирајќи податоци на Светската здравствена организација (СЗО), јавуваат дека повеќето пациенти имаат само лесни симптоми и потенцираат дека смртноста кај оваа епидемија варира меѓу два и пет отсто. Повисока стапка на смртност од Ковид-19 имаат тешкиот респираторен синдром (SARS) и респираторниот синдром на Блискиот Исток (MERS)

Додека темпото на заразување во Кина се намалува, во некои делови од светот се забележува драстично зголемување на инфекциите. Европска жешка точка на коронавирусот е Италија каде починаа над 30 лица додека бројот на инфекции во последните 48 часа е двојно зголемен и достигна 1.694 лица, а исти податоци се лиферуваат и за Германија, јавува „Дојче Веле”.

Во Италија досега се регистрирани најмалку 34 смртни случаи и 1.694 потврдени случаи. Во Велика Британија, каде има 36 потврдени случаи, премиерот Борис Џонсон за денеска свика итна седница на комисијата „Кобра“.

Јужна Кореја, пак, е најголемо жариште, во Азија по Кина. Тамошните власти пријавија нови 476 случаи на заболени со коронавирус со што вкупниот број се зголеми на над 4.200. Во оваа земја досега имаше 26 смртни случаи. Првиот човек на Сеул ги повика жителите на десет милионскиот град да работат од дома и да ги избегнуваат местата со концентрација на многу луѓе.

Иран, една од најзасегнатите земји од епидемијата, вчера соопшти дека има 978 инфекции и 54 смртни случаи. Во текот на викендот Катар, Еквадор, Луксембург и Република Ирска ги потврдија своите први случаи на коронавирус. Досега во САД има двајца починати од заразата, еден во Сиетл и 70-годишен маж од Вашингтон.

Азија биланс Европа Коронавирус Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.