Според последните информации, коронавирус во Србија во последните 24 часа е потврден кај уште 6.786 лица од тестираните 22.710 примероци, а како резултат на инфекцијата починаа 54 пациенти. На респиратор има 286 пациенти од вкупно 6.643 хоспитализирани лица.

Од 6.786 нови случаи на ковид-19 што беа потврдени во Србија во последните 24 часа, повеќето се регистрирани во Белград – 1.723, додека трицифрен број на новозаразени е регистриран во уште 10 градови. Евидентирани се 374 нови пациенти во Ниш, 279 во Нови Сад, 177 во Крагуевац, 141 во Смедерево и 131 во Краjeево. Откриени се 118 нови инфекции во Зрењанин, 116 во Суботица, 115 во Панчево, 112 во Лесковац и 104 во Чачак.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани вкупно 1.031.283 милиони случаи на коронавирус, а починаа 8.946 лица. Стапката на смртност во земјата е 0,87 проценти. Досега се тестирани вкупно 5.943.113 милиони примероци.