Европскиот кошаркарски шампион, Словенија со победа ги почна квалификациите за Светското првенство во 2019 година. „Змајчеки“, како домаќини, ја совладаа Белорусија со 87:74 во меч од А групата во која Шпанија славеше против Црна Гора во Подгорица со 79:66.
Изненадувањето на вечерта доаѓа од легендарната „Скендерија“ во Сараево. Селекцијата на БиХ триумфира над Русија со 81:76 во групата Е. Во истата конкуренција, во Антверпен, Франција славеше над Белгија со 70:59.
Успешен вовед во циклусот и за Србија чија репрезентација ја оправда фаворитската улога и ја победи Австрија со 85:64. Меѓу гледачите во салата „Александар Николиќ“ во Белград беше и српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ.
Холандија ја изненади Хрватска со 68:61 додека најубедлива на стартот беше Литванија која во Приштина не препушти ништо на случајот против Косово (99:61).
Квалификации за СП 2019
Резултати, 1 коло
Група А: Словенија – Белорусија 87:74, Црна Гора – Шпанија 66:79
Група Б: Турција – Летонија 85:73, Шведска – Украина 76:84
Група Ц: Косово – Литванија 61:99, Полска – Унгарија 70:60
Група Д: Холандија – Хрватска 68:61, Италија – Романија 75:70
Група Е: БиХ – Русија 81:76, Белгија – Франција 59:70
Група Ф: Чешка – Исланд 89:69, Бугарија – Финска 80:82
Група Г: Србија – Австрија 85:64, Германија – Грузија 79:70
Група Х: Велика Британија – Грција 92:95 (по продолженија), Израел – Естонија 88:68