Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косијас денеска во Скопје – почнуваат разговорите за нацрт спогодбите

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 22, 2018 08:36

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска треба да пристигне Скопје во прва посета на земјата, по преименувањето на аеродромот, што беше една од отстапките, кои македонската Влада ги направи во процесот на преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името, објавени по првата средба на премиерите Заев и Ципрас во Давос.

Според најавите од МНР, Коѕијас и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров е планирано да разговараат за позициите на двете страни, откако и Грција и Македонија си ги разменија нацрт-договори за решавање на името, за кои Димитров рече дека имаат разлики.

– Чесно е да кажам дека има разлики и се надеваме дека ако мислиме заеднички на една цел ќе успееме тие разлики да ги надминеме, нагласи Димитров.

Достоинствено решение за името, со почитување на идентитетот, без промени на Уставот е нешто што го бара македонската страна.

Премиерот Зоран Заев, потврдувајќи го пристигнувањето на грчката нацрт-спогодба во Македонија, нагласи оти тие се алатки, што можат да бидат од помош во процесот на преговори, но клучен елемент е нацрт-драфт-меѓународен договор што треба да дојде од медијаторот на ОН во спорот Метју Нимиц.

Заев посочи дека во македонската нацрт-спогодба има повеќе меѓународни формулации на вакви меѓународни договори затоа што формулациите во делот на името, употребата, широчината, идентитетските прашања, кодовите и слично, се уште се на маса за преговори. Тие се ставени во разни форми, како што се ставени и од грчка страна.

Димитров и Коѕијас на 30 март во Виена ќе имаат нова средба со посредникот на ОН во преговорите за името Метју Нимиц.

Откако шефот на грчката дипломатија откри дека нацрт спогодбата е испратена до Скопје, грчките медиуми, меѓу кои и „Катимерини“ и „Та неа“ ги објави петте имиња што се содржани во грчкиот предлог. Всушност станува збор за истите идеи доставени од медијаторот Метју Нимиц, односно имињата: Република Северна Македонија, Република Нова Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија, Република Македонија (Скопје).

Преговорите влегуваат во клучна фаза

Според грчките медиуми по доставените предлози од двете страни преговорите влегуваат во клучна фаза.

Весникот „Катимерини“, анализира дека позициите на Атина во грчката нацрт спогодба се горе-долу познати и вклучуваат седум точки, а за три од нив постои договор, „за името (веројатно „Горна Македонија“), за акронимите и за иредентистичките наводи“.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ пишува Грција очекува на следната средба на шефовите на дипломатиите со Нимиц, во Виена, да се извршат притисоци.

– Грчката Влада ја задржува надежта дека тогаш ќе ги се извршат долго очекуваните притисоци како од Европската унија и Ангела Меркел, така и од Обединетите нации преку Метју Нимиц, што веќе долго време и беа ветени на Атина, пишува „Прото тема“.

Претседателот на опозициската Нова демократија Кирјакос Мицотакис упати остри критики до актуелната грчка Влада, за политиката што ја води во однос на спорот за името.

– Во прашањето со Скопје, Владата потсетува на Вавилонска кула. Прашањето со ревизија на Уставот на соседната земја, го поставивме уште од прв момент како услов што не може да се прекрши за да продолжиме кон било кој друг разговор, вели тој и додава дека е премногу доцна за формирање национален фронт кога самата влада не може да формулира национална линија за еден толку критичен национален проблем.

Во пресрет на денешната посета, во изјава за МИА, портпарол на Стејт департментот укажа дека САД продолжуваат со поддршката и се надеваат на брзо решeние на долготрајниот спор со името.

– Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе постигнат заеднички прифатливо решение во интерес на евроатлантските интеграции, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот, се вели во изјавата.

Димитров Коѕијас нацрт спогодби Нимиц посета Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.