Премиерот на Косово, Албин Курти, не добил виза за посета на САД, пренесува „Косово пост“.

Веста дека Албин Курти добил негативен одговор на барањето за виза за овој портал ја потврдиле и соработниците на премиерот на Косово.

Според порталот, на Курти визата му била одбиена од „најмоќната земја во светот, односно „ко-спонзор“ на раѓањето и изградбата на Косово.

Порталот „Косово онлајн“ пренесува:  „Косово пост“ наведува дека на Курти не му помага ниту големата поддршка на граѓаните на Косово да ги „отвори вратите на земјите во светот“.