Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Коцкеста“ балканска класика: Хрватска двоцифрено подобра од Србија

0
By Нова ТВ on January 12, 2018 СПОРТ
Фото: cro2018.ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Балканската класика на Европското ракометно првенство ѝ припадна на домашната селекција. Хрватска ја порази Србија со 32:22 во „Спаладиум арена“ во Сплит за заокружување на првото коло во групата А, откако претходно Исланд ја совлада Шведска со 26:24.

Лука Степанчиќ и Мануел Штрлек беа први стрелци со составот на Лино Червар со шест погодоци колку што постигна и Петар Ненадиќ за поразената репрезентација. Во тимот на Јовица Цветковиќ, кој се загуби во второто полувреме, се истакна уште Немања Зеленовиќ со пет гола.

Франција, пак, во дербито на групата Б во Пореч ја победи Норвешка со 32:31. Најзабележителен на средбата беше Кентин Мае со осум гола, Михал Гогу додаде пет за „триколорите“, а Никола Карабатиќ четири. Реализаторски најрасположени на спротивната страна беа Кент Робин Тонесен со седум гола, Кристијан Бјорнсен со шест и Бјарте Мирол со пет.

Македонија својот премиерен настап на ЕП 2018 ќе го има утре од 19,30 часот во „Загрепска арена“ против селекцијата на Словенија. Германија, претходно (17.15 ч.) во истата конкуренција, ќе игра против Црна Гора, а групата Д, во Вараждин, ги носи натпреварите меѓу  Шпанија – Чешка (18,15 ч.) и Данска – Унгарија (20,30 ч.).

ЕП во ракомет

Група А (Сплит), 1 коло

Хрватска – Србија 32:22

Шведска – Исланд 24:26

Група Б (Пореч), 1 коло

Франција – Норвешка 32:31

Белорусија – Австрија 27:26

Утре на ЕП 

Група Ц (Загреб), 1 коло

Германија – Црна Гора (17.15 ч.)

Македонија – Словенија (19,30 ч.)

Група Д (Вараждин), 1 коло

Шпанија – Чешка (18,15 ч.)

Данска – Унгарија (20,30 ч.)

Европско првенство мажи ракомет Србија Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.