Истражување на ОН: Меси со двојно поголеми приходи од 1.693 фудбалерки заедно

Споредбата излезе на површина во време на женското Светско првенство што се одржува во Франција на кое фудбалерките дигнаа глас и побараа поголеми бонуси за настапи. Најдалеку отидоа американските репрезентативки кои поднесоа тужба против Фудбалската федерација на САД за полова дискриминација со забелешки  дека нивните машки колеги се фаворизирани во делот на подготовки, на медицински персонал и на патувања

„Коцкеста“ балканска класика: Хрватска двоцифрено подобра од Србија

Домаќинот на ЕП подобар од неговиот источен сосед со 32:22. Лука Степанчиќ и Мануел Штрлек беа први стрелци со составот на Лино Червар со шест погодоци колку што постигна и Петар Ненадиќ за поразената репрезентација. Во тимот на Јовица Цветковиќ, кој се загуби во второто полувреме, се истакна уште Немања Зеленовиќ со пет гола. Франција подобра од Норвешка со 32:31 во дербито на групата Б. Македонија утревечер (19,30 ч.) против Словенија во воведниот настап на континенталниот турнир