Русија денеска регистрира нови 57.212 случаи на коронавирусот, што е зголемување во споредба со вчера кога беа пријавени 49.513 позитивни лица, со што вкупниот број на регистрирани случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 11 милиони.

Рускиот Кризен штаб соопшти дека во изминатите 24 часа починале 681 пациент, а од почетокот на пандемијата починале 325.433 луѓе.