Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас од САД: Името да произлезе од предлозите на Нимиц

0
By Нова ТВ on May 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера во Вашингтон се сретнал со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

По завршување на средбата, Коѕијас за дописниците на Грција изјави дека ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц.

-Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц, не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози, и да одиме напред кон усвојување на еден стратешки план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име, рече Коѕијас, со што индиректно го отфрли предлот „Република Илинденска Македонија“.

Во однос на петте предлози на Нимиц, Грција досега се изјасни дека името „Република Македонија (Скопје) е неприфатливо.

Шефот на грчката дипломатија објасни дека за прашањето со името не разговарал со американскиот  државен секретар Мајк Помпео, туку тоа било тема на средбите, вчера и завчера, со помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел.

Коѕијас не открил за што разговарале со Мичел, но вели дека „никој не ја тера Грција на ништо“ во однос на затворањето на прашањето, бидејќи ја има иницијативата за постапките и сите на позитивен начин следат како една земја со активна надворешна политика промовира решенија“.

Уставни измени само за Илинденска Македонија

Премиерот Зоран Заев вчера одговарајќи на новинарско прашање рече дека предлогот „Република Илинденска Македонија” треба да се разгледа длабински и да не се отфрла, зашто „ги исполнува очекувањата на мнозинството граѓани на двете земји“ и може да стави крај на деценискиот спор меѓу двете земји.

 „Република Илинденска Македонија е име кое не го загрозува, туку напротив го зајакнува идентитетот на Македонија, а на Грција и дава сложено име со временска одредница“ рече Заев.

Заев вели дека се работи за пакет кој не може да се дели.

„Зборуваме за пакет, а не за поединечни делови. Не може да се очекува уставна промена во Македонија за било кое решение, затоа ние прифативме уставна промена, затоа што е решение кое не не понижува. Ќе го сочуваме нашето достоинство, а притоа идентитетските прашања се фиксирани, а притоа ги исполнуваме и нивните услови“, рече премиерот Заев.

Дали постои можност за приближување на ваквите спротивставени ставови, ќе покаже средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во четврток и петок во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц.

Во Македонија нема најави во кој правец ќе води оваа средба. Но затоа, грчките медиуми, повикувајќи се на неименувани извори објавуваат дека оваа средба, можеби е и последна шанса за договор.

„Оваа средба е од исклучиво значење и особено клучна за текот на преговорите. Можеби е и последна шанса за напредок по „бродоломот“ со името „Илинденска Македонија“ и враќањето на петте почетни имиња што ги достави Метју Нимиц. Секако, двете имиња што преовладуваат се Нова и Горна Македонија и веројатно разговорите ќе се движат околу овие сценарија, пишува електронското издание на грчкиот весник.

Димитров Заев Илинденска Македонија Коѕијас Нимиц Њујорк Помпео
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.