Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас вечерва пристигнува во Охрид – Димитров се надева на прогрес

1
By Нова ТВ on April 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 11, 2018 12:42

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров очекува на утрешната средба со неговиот грчки колега Никос Коѕијас во Охрид да биде постигнат прогрес во решавањето на прашањето за името.

– Прашањето е толку важно што по дефиниција сите рунди разговори се тешки, така што се разбира очекувам темелни разговори. Се надевам на прогрес. Мислам дека однесувањето и на Република Македонија и на нашите соседи од Грција во однос на процесот сигнализира дека процесот е во една деликатна фаза и фокусирани сме токму на овие разговори и се надевам дека ќе ни помогне што оваа рунда се одржува токму во Охрид и духот на тој наш бисер се надевам дека ќе ни помогне, изјави Димитров по средбата со украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од средбата со Коѕијас во Охрид.

Грчките медиуми, односно весникот „Катимерини“, радиото „Атина 984“ и информативниот портал „Њуз247“ повикувајќи се на свои извори објавија информација дека медијаторот на ОН, Метју Нимиц им испратил писмо на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас, во кое ја опишува актуелната ситуација во преговорите за името, односно точките за кои има согласување и точките за кои има разлики, онака како што тој ги формулирал за време на разговорите во Виена.

Дописот на министрите им е испратен во пресрет на нивната нова средба во Охрид.

Грчкото МНР, ниту ја потврдува ниту ја демантира веста во грчките медиуми дека Нимиц испратил допис до Димитров и Коѕијас.

 

„Според одредени извори, последниот допис на Нимиц ги одразува кристализираните ставови на американскиот дипломат за прашањето, како што тие беа формулирани по последната негова повеќечасовна средба со министрите за надворешни работи на Грција и ПЈРМ во Виена (30-31 март). Истите извори споменуваат дека Нимиц стигнал до точките што треба да бидат параметри на решението“, пишува „Катимерини“.

Радио „Атина984“, пак, објави дека станува збор за претходно одредена и предвидена процедура на медијаторот.

„Двајцата министри се очекува да одговорат на прашалникот што им беше доставен од специјалниот медијатор и да го имаат пополнето до нивната следна заедничка средба“, објави атинското радио.

Порталот „Њуз247“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека ова е трет ваков текст од медијаторот до двајцата министри и претставува „ негова интервенција и придонес пред клучната средба во Охрид“.

„Според истите информации, дипломатскиот кабинет на Коѕијас контактираше со Нимиц и го изрази несогласување на Атина за некои делови од дописот, бидејќи министер за надворешни работи сака да се постигне што е можно повеќе на преговорите во Охрид“, пишува порталот.

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас утре во Охрид ќе одржат нова средба. Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека посетата на  министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји.

Коѕијас, како што пренесуваат грчките медиуми, треба да пристигне во Охрид доцна попладне. Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција ќе имаат работна вечера, а официјалната средба ќе биде утре.

Во пресрет на посетата македонскиот премиер Зоран Заев  во неделното интервју за МИА уште еднаш оптимистички повтори дека верува оти преговорите се во вистинска насока и дека тој процес се доближува до моментот кога треба да следува средба помеѓу него и Ципрас.

– Тоа ќе значи дека напредокот во разговорите стигнал до тоа ниво за да се премине и на ниво на премиери на државите. Ако слушнат граѓаните дека се закажува средба помеѓу Заев и Ципрас, тоа значи конкретна практична потврда дека преговорите се во вистинска насока и дека е можно да се дојде до решение. Јас верувам дека тоа е возможно, јас верувам дека е добро за Македонија да се случи колку што може порано поради тоа што тоа за нас значи комплетна гаранција за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, но и автоматска покана за членство во НАТО, вели премиерот Заев.

Во однос на средбата во Охрид очекува да се постигне дополнителен прогрес, по разговорите на двајцата министри во Виена

– Верувам дека досегашната посветеност на процесот, чекорите кои што се покажани овозможуваат придвижување. И се придвижуваме. Има позитивен исчекор од Виена за кој верувам ќе биде заокружен дополнително на 11 или 12 април, на следната средба помеѓу министрите. На крајот на април, или, можеби, почетокот на мај, можно е да имаме средба на премиерско ниво. Тоа секако зависи од двете страни. Но треба да знаат граѓаните, важно е прашањето, премногу важно, но не по секоја цена, истакна премиерот Заев.

По средбата Димитров-Коѕијас во Охрид извесна е нова средба на државно – политичкиот врв за името. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува таа да се одржи претстојниот викенд.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју викендов за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека разликите со Скопје можат да се решат со смелост.

– Разликите со Скопје се проблеми со историски карактер, со идентитет, со наследство и култура. Овие прашања се чувствителни. Но, можат да се решат со смелост, како што правиме сега. Додека, пак, со Турција имаме проблеми со геостратешки и геополитички претензии, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто за германскиот весник.

Охридската средба се случува една недела пред ЕК да го соопшти Извештајот за напредокот на Македонија, во кој Владата очекува да добие безусловна препорака за почеток на преговорите.

Последната рунда преговори за спорот за името се одржи на 30 март во австриското МНР во Виена каде шефовите на дипломатиите на двете држави Димитров и Коѕијас одржаа средба со медијаторот Метју Нимиц. По средбата Димитров изјави дека има условен напредок во преговорите, бидејќи  како одиме напред  доаѓаме до потешките прашања.

Димитров Коѕијас Нимиц Охрид писмо спор со името средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.