Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај на надежите за полуфинале на СП: Хрватска поразена и од Германија

0
By Нова ТВ on January 21, 2019 СПОРТ
Фото: handball19.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватска е елиминирана во борбата за полуфинале на Светското ракометно првенство. По шокантниот пораз од Бразил, „коцкестите“ загубија и од Германија со 21:22 и од лидери во групата Е, паднаа на четвртото место на коло до крајот на главната групна фаза.

Хрватите и Германците одиграа одличен натпревар во „Ланксес арена“. Средбата во најголем дел беше во резултатски егал до средината на второто полувреме кога „панцерите“ за првпат отидоа на плус 3 (18:15). Но, наредните девет минути не постигнаа ниту еден за што најзаслужен беше хрватскиот голман Марин Шего чии, пак, колеги врзаа четири за пресврт 18:19.

Финишот, сепак, им припадна на домашните на крилја на публиката. Можеше Хрватска до реми со кое ќе останеше во игра за Фајналфор, но нападот за израмнување беше прекинат од судиите кои видоа пробивање од Игор Карачиќ на што Германија одговори со гол за 22:20 за затворање на мечот.

Лидер во победничката екипа беше Фабијан Виде со шест гола, Уве Генсхајмер додаде четири. Игор Карачиќ и Мануел Штрлек постигнаа по четири гола за Хрватска.

Утре е слободен ден на шампионатот пред завршните пресметки што се закажани во среда. Дилеми околу полуфиналистите од групата Е нема. Во борбата за распределба на медалите ќе патуваат Германија и Франција, само прашање е од која позиција. Затоа вниманието го привлекува групата Ф во која една од трите скандинавски селекции ќе излезе од игра. Данците се лидери со 8 бода и во среда од 20.30 часот ќе играат со Швеѓаните кои се втори со шест бода колку што имаат и Норвежаните на третото место.

СП во ракомет – главна фаза

Група Е, 4 коло

Хрватска – Германија 21:22

Шпанија – Бразил 36:24

Табела: Германија 7, Франција 7, Шпанија 4, Хрватска 4, Бразил 2, Исланд 0.

Идно коло (среда): Бразил – Исланд (15.30 ч.), Франција – Хрватска (18 ч.), Германија – Шпанија (20.30 ч.).

Група Ф, 4 коло

Египет – Данска 20:26

Шведска – Норвешка 27:30

Табела: Данска 8, Шведска 6, Норвешка 6, Унгарија 3, Египет 1, Тунис 0.

Идно коло (среда): Тунис – Египет (15.30 ч.), Норвешка – Унгарија (18 ч.), Данска – Шведска (20.30 ч.).

Германија Ракомет (м) СП 2019 Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.