МВР соопшти дека во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.Ф. од Куманово за бнападот врз полицаецот синоќа на граничниот премиен Табановце на протестот на ВМРО ДПМНЕ.

Тој се товари за основано сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Нападот се случил во 17.20 часот, кога Ф.Ф. се приближил до кордонот полиција и со рака го удрил полицискиот службеник во пределот на лицето, односно по левото око.

Напаѓачот бил приведен во СВР-Куманово, додека полицискиот службеник бил пренесен во Јавната здравствена установа-Куманово каде бил задржан на лекување.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и началникот на СВР Куманово доцна синоќа го посетиле полицаецот кој беше хоспитализиран по повредите здобиени за време на протестот.

На вчера најавениот протест на граничниот премин се случи инцидент меѓу приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ и полицијата.