Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Куп на Македонија: Шкендија за двојна круна, Пелистер по сензација

0
By Нова ТВ on May 23, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 23, 2018 12:18

Шкендија и Пелистер одново на мегдан во само четири дена. По првенствената пресметка во неделата во Тетово, двете екипи вечерва на судир во Струмица во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. Мечот за титулата на стадионот „Младост“ е со почеток во 20 часот и воедно претставува реприза од минатогодишниот во кој на битолчани се покажаа како подобри пеналџии (0:0 во основниот дел, 4:3 во ударите од белата точка).

„Првенствените резултати нема да дозволиме да нè залажат. Во финалето ќе влеземе со максимално сериозен пристап и респект кон противникот бидејќи е еден меч и нема поправен. Желба н` е триумф за завршување на сезоната со двојна круна што би била прва во клупската историја на Шкендија. Ја прифаќаме фаворитската улога, но имаме обврска да ја потврдиме на терен. Верувам дека ќе биде така“, порача тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Пелистер ќе истрча на струмичкиот тревник вечерва во улога на бранител на тронот. Меѓутоа околностите кај битолските „зелени“ се спротивни одошто беа во истиот период лани. Од солиден прволигаш и македонски претставник во Европа, екипата од „Под Тумбе кафе“ се трансформира во второлигаш за наредната сезона, повторно се соочува со премрежја и неизвесност и со најави за нов одлив на играчкиот кадар ова лето. Пелистерци се свесни за улогата на аутсајдери што ја носат, но иако се распнати меѓу оптимумот на сопствените можности и квалитетот на ривалот, сепак, посакуваат победа што би била сензација вечерва.

„Шкендија е голем фаворит. На убедлив начин го освоија првенството и покажаа дека ја имаат најдобрата екипа во Македонија во последните неколку години. Наша обврска како бранители на титулата е да се претставиме во најдобро издание и да дадеме најсилен отпор што можеме. Однапред нема предавање, ќе се бориме до крај“, изјави Неџат Хусеин, предводник на Пелистер.

Шкендија и Пелистер вечерва по петти пат ќе играат во финалето на Купот на Македонија. Тетовци имаат само една титула по триумфот над Работнички со 2:0 во сезоната 2014/15 (порази од Македонија Ѓорче Петров, од Тетекс и од Пелистер), битолчани, пак, двапати ги понесуваа трофејот во натпреварувањето по победите против Слога Југомагнат со 2:1 во сезоната 2000/01 и лани и двапати беа поразени од Вардар и од Силекс во сезоните 1992/93 и 1993/94.

Куп на Македонија Пелистер Струмица финале фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.