Косовскиот премиер, Албин Курти, по повод отворање на архивот на некогашната ОВК, оцени дека „Ослободителната војска на Косово била најтранспарентната војска што некогаш војувала во регионот“.

Тој тврди дека архивот на ОВК бил секогаш отворен за УНМИК, за Хашкиот трибунал, за Еулекс и за пошироката јавност.

Курти за АТВ рече дека не постои документација на ОВК што не станала документарец или фељтон, пренесува Танјуг. Притоа нагласи дека Србија не ги отворила своите архиви.

„Србија сака да алудира дека имате работи што ги криете, што не е точно. Со оваа офанзива таа сака да се одбрани од фактот дека не ја отвори архивата, рече Курти.