Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации, СП 2018: Холандија налета на мина во Софија

0
By Нова ТВ on March 26, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 26, 2017 00:58

Сигурни победи на Франција, Шведска, Португалија и БиХ, тешка и тесна на Швајцарија, а Холандија и Грција ги закомпликуваа своите позиции во квалификациите за Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година по мечевите од петтата рунда во групите А, Б и Х.

Изненадување на вечерта приреди репрезентацијата на Бугарија која во Софија ги порази „лалињата“ со 2:0. Спас Делев во 5. и во 20. минута ги фрли во транс гледачите на „Васил Левски“ и најави ново можно отсуство на Холанѓаните од завршницата на големите турнири.

Со двата гола на Оливие Жиру и на Антоан Гризман, Франција го совлада Луксембург со 3:1 и се одржа на првото место во групата А. Во рамки на истата конкуренција и без Златан Ибрахимовиќ, Швеѓаните ја поразија Белорусија со 4:0. Двапати погоди Форсберг, по еднаш Берг и Телин за трета победа во циклусот.

Португалија не дозволи повторно да биде изненадена од Унгарија како што беше случај со ремито (3:3) на минатогодишното ЕП. Роналдо и компанија и во Лисабон, синоќа, постигнаа три гола, но, за разлика од Лион, не примија ниту еден. Два погодока даде ѕвездата на мадридски Реал, третиот за домашните, прв на средбата, беше дело на Силва.

Швајцарија останува без пораз во групата Б по првата половина од натпреварите. Со голот на Дрмиќ во 66 минута, по асистенција на Мехмеди, совладана е селекцијата на Летонија со 1:0. Андора и Фарски Острови одиграа без голови во Ла Вела.

И, конечно, во групата Х, Белгија и Грција, во дербито, одиграа без победник (1:1), епилог каков имаше и на средбата меѓу Кипар и Естонија (0:0). Единствената победа ја запишаа репрезентативците на БиХ кои на „Билино поле“ во Зеница славеа над Гибралтар со 5:0.

Квалификации за СП 2018

Резултати, 5 коло

Група А

Луксембург – Франција 1:3

Шведска – Белорусија 4:0

Бугарија – Холандија 2:0

Табела: Франција 13, Шведска 10, Бугарија 9, Холандија 7, Белорусија 2, Луксембург 1.

Идно коло (9 јуни): Шведска – Франција, Белорусија – Бугарија, Холандија – Луксембург.

Група Б

Португалија – Унгарија 3:0

Швајцарија – Летонија 1:0

Андора – Фарски Острови 0:0

Табела: Швајцарија 15, Португалија 12, Унгарија 7, Фарски Острови 5, Летонија 3, Андора 1.

Идно коло (9 јуни): Фарски Острови – Швајцарија, Летонија – Португалија, Андора – Унгарија.

Група Х

Белгија – Грција 1:1

Кипар – Естонија 0:0

БиХ – Гибралтар 5:0

Табела: Белгија 13, Грција 11, БиХ 10, Кипар 4, Естонија 4, Гибралтар 0.

Идно коло (9 јуни): Естонија – Белгија, БиХ – Грција, Гибралтар – Кипар.

#Португалија БиХ Квалификации за СП фудбал Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.