Партизан е на чекор до пласман во плејофот за фудбалската Лига на Европа по триумфот над Малатијаспор со 3:1 во првиот меч од третото квалификациско коло. „Црно-белите“ во Белград славеа на крилја на интернационалците во своите редови и со одлична залиха ќе одат на реванш во Турција во наредниот четврток.

https://www.youtube.com/watch?v=emGYC0ZP66k

Српскиот вицешампион дојде во водство во четвртата минута со голот на Нигериецот Умар Садик. На 2:0 зголеми Јапонецот Такума Асано во 67. минута во својот дебитантски настап за Партизан, а печат на победата стави репрезентативецот на Гвинеја, Сејдуба Сума од пенал во 90. минута. Почесниот за Малатијаспор го постигна Мароканецот Исам Чебаке во 83. минута. Адис Јаховиќ го одигра сите 90 минути за гостите од Турција.

https://www.youtube.com/watch?v=O2IC5Ymy_uE

Иван Тричковски продолжува со голгетерската серија во квалификациите за ЛЕ. По четитите гола против Левски во минатата рунда, македонскиот репрезентативец погоди за АЕК Ларнака и против Гент во ремито (1:1) на домашен терен.

Резултати од првите мечеви во 3. квалификациско коло за Лига Европа

Торино – Шахтјор Солигорск 5:0

Партизан – Малатијаспор 3:1

Луцерн – Еспањол 0:3

Легија Варшава – Атромитос 0:0

Вадуц – Ајнтрахт Франкфурт 0:5

ФЦСБ – Млада Болеслав 0:0

Австрија Виена – Аполон 1:2

Риека – Абердин 2:0

Норчепинг – Хапоел Бер Шева 1:1

Митјиланд – Глазгов Ренџерс 2:4

Диделанж – Номе Калју 3:1

Сараево – БАТЕ Борисов 1:2

Макаби Тел Авив – Судува 1:2

Лудогорец – ТНС 5:0

Локомотив Пловдив – Стразбур 0:1

Феенорд – Динамо Тбилиси 4:0

ЦСКА Софија – Зорја Луханск 1:1

Антверпен – Викторија Плзен 1:0

Тун – Спартак Москва 2:3

Шериф Тираспол – АИК Стокхолм 1:2

Нефчи – Бнеи Јехуда 2:2

Молде – Арис 3:0

Хаугесунд – ПСВ Ајндховен 0:1

Вентспилс – Виторија Гимараеш 0:3

Малме – Зрињски 3:0

Мариупол – АЗ Алкмар 0:0

Брондби – Брага 2:4

Универзитатеа Крајова – АЕК 0:2

Спарта Прага – Трабзонспор 2:2

Пјуник – Вулверхемптон 0:4

АЕК Ларнака – Гент 1:1

Астана – Валета 5:1