Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЛЕ: Работнички по гол(ови) во Минск

0
By Нова ТВ on July 20, 2017 СПОРТ
Фото: fkrabotnicki.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работнички ќе мора да уфрли во поголема брзина и да биде на повисоко ниво во реваншот против белоруски Динамо за пласман во третото коло од квалификациите за УЕФА Европа лигата. Дебармаалци имаат 1:1 на домашен терен и потребни се гол(ови) за елиминација на тимот од Минск. Мечот на стадионот „Трактор“ е попладнево од 17 часот.

„Овојпат имаме јасна слика за противникот. Во дуелот во Скопје ги видовме и добрите и лоши страни на Динамо. На нас преостанува да одиграме на максимум од можностите и да се обидеме да извлечеме корист. Не очекува нималку лесна задача, но вербата и оптимизмот се присутни кај нас. Сигурен сум дека имаме сили за резултат што ќе значи пласман во наредното коло во Лига Европа“, порачува капитенот, Душко Трајчевски.

Екипата од Градски парк се избори за поповолен резултат пред реваншот со гол од пенал во самиот финиш на воведните 90 минути од двомечот. Имаше негатива во второто полувреме, имаше и исклучен играч меѓутоа остана истрајна во намерата да избегне пораз со ударот од белата точка на Бојан Најденов. Директен црвен картон претходно доби Емир Сахити.

„Динамо е во мала предност од аспект на физичката подготовка. Белоруското првенство е во тек и тимот од Минск зад себе има 15 настапи од натпреварувачки карактер што не е случај со нас. Ние во овој период влегуваме во ритам што верувам дека ќе го најдеме денеска за остварување на целта. За тоа ќе мора да одиграме подобро одошто беше случај во Скопје. Ако први постигнеме гол, мислам дека ќе бидеме многу блиску до третото коло“, додаде Трајчевски.

Исклучениот Сахити кај Работнички и Биков и Капленко кај Динамо нема да бидат во комбинација за денешниот натпревар за кој е делегирана судиска тројка од Франција на чело со Никола Раинвиј кому ќе асистираат Гилом Дебар и Филип Жан.

Подобриот од македонско-белоруската пресметка во третото коло ќе игра со победникот од дуелите меѓу АЕК Ларнака и Корк сити. Кипарскиот претставник, чиј дрес го носат Даниел Мојсов и Иван Тричковски, го дочекува ирскиот со 1:0 од првата средба.

Лига Европа/квалификации/2 коло/реванш мечеви

Денеска играат

Динамо Минск – Работнички (1:1)

Лингби – Слован Братислава (1:0)

Хелсинки – Шкендија (1:3)

Млада Болеслав – Шамрок Роверс (3:2)

Судува – Лиепаја (2:0)

Тракаи – Норчепинг (1:2)

ВПС – Брондби (0:2)

Динамо Брест – Алтах (1:1)

АЕК Ларнака – Корк сити (1:0)

АИК Стокхолм – Железничар (0:0)

Бран – Ружомберок (1:0)

Левски – Хајдук (0:1)

Митјиланд – Ференцварош (4:2)

Одд Гренланд – Вадуц (1:0)

Бнеи Јехуда – Тренчин (1:1)

Зарија Балти – Аполон (0:3)

Зира – Астра (1:3)

Ботев Пловдив – Беитар Ерусалим (1:1)

Фола Еш – Интер Баку (0:1)

Галатасарај – Естерсунд (0:2)

Утрехт – Валета (0:0)

Луцерн – Осиек (0:2)

АЕЛ Лимасол – Нидеркорн (1:0)

Домжале – Валур (2:1)

Лех Познањ – Хаугесунд (2:3)

Скендербег – Каират (1:1)

Црвена звезда – Иртиш (1:1)

Јагиелонија – Габала (1:1)

Младост Подгорица – Штурм (1:0)

Горица – Паниониос (0:2)

Широки Брег – Абердин (1:1)

Видеотон – Калју (3:0)

Рејкјавик – Макаби Тел Авив (1:3)

Во заграда се резултати од првите средби

Динамо Минск квалификации Лига Европа Работнички фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.