Македонскиот фудбал остана без клупски претставник во УЕФА натпреварувањата ова лето, но има неколку индивидуалци по екипите што се „живи“ за групна фаза за Лигата на шампиони (ЛШ) и за Лига Европа (ЛЕ) меѓу кои најсилен впечаток остави Иван Тричковски. Офанзивниот крилен напаѓач на националниот тим „експлодира“ во Софија и ги постигна сите четири гола за АЕК Ларнака во убедливиот триумф над Левски со 4:0 во реванш мечот од второт коло на квалифиакции за ЛЕ.

Тричковски го почна гол шоуто на „Виваком арена“ во 8 минута од пенал по што уште трипати од игра ја „истресе“ мрежата на бугарскиот домаќин во 29. минута, во 75. минута и во 82. минута и заедно со Даниел Мојсов одиграа цел натпревар за кипарскиот тим од Ларнака. АЕК во третото коло ќе игра со белгиски Гент.

https://www.youtube.com/watch?v=H_I6MJC-zZQ

Во наредната рунда продолжува и екипата на Малатијаспор кој ја елиминира Олимпија по минималниот триумф во Љубљана со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше македонскиот интернационалец, Адис Јаховиќ во 77. минута. Нареден ривал на турскиот претставник е белградски Партизан.

https://www.youtube.com/watch?v=z8BVjKyref8

Погоди и екс вардарецот Јасир Асани во елиминацијата на неговиот Партизани

Меѓу стрелците во денешните реванш дуели и екс вардарецот Јасир Асани. Тој го постигна единствениот гол за Партизани во ремито со Шериф (1:1), но молдавскиот состав ќе оди на двомеч со АИК Стокхолм благодарение на победата со 1:0 во првиот меч во Албанија. Асани и Егзон Белица беа стартери и ги одиграа сите 90. минути на стадионот во Тираспол. Со елиминација се соочи и Давор Здравковски кој одигра цел меч за АЕЛ Лимасол во поразот на домашен терен од Арис со 0:1, но и Бобан Николов кој со Види МОЛ не успеа преку Вадуц од Лихтенштајн.

Во квалификациите за Лига Европа опстанаа и Антонио Станков и Денис Махмудов со екипата на Пјуник која во второто коло го исфрли чешки Јаблонец. Нивни нареден ривал ќе биде премиерлигашот Вулверхемптон. За плејоф ќе игра и репрезентативниот голман, Давид Митов Нилсон чиј Норчепинг беше подобар во 180. квалификациски минути со летонска Лиепаја.

Кон ни се приклучуваат уште двајца македонски интернационалци чии екипи се елиминирани во квалификациите за Лигата на шампиони. Крсте Велкоски ќе го предводи Сараево во дуелите со БАТЕ Борисов, а Милован Петровиќ кој неодамна се пресели во Сутјеска ќе чека деби за црногорскиот првак од Никшиќ во пресметките со северноирски Линфилд.

Квалификации за Лига Европа, 2 коло, реванш мечеви

Осиек – ЦСКА Софија 1:0 (прв меч 0:1) – на пенали 3:4

Стјарнан – Еспањол 1:3 (0:4)

Крусејдерс – Вулверхемптон 1:4 (0:2)

Виторија Гимараеш – Женес Еш 4:0 (1:0)

Партизан – Конах 3:0 (1:0)

Абердин – Чикура 5:0 (1:1)

Спартак Трнава – Локомотив Пловдив 3:1 (0:2)

Линфилд – ХБ Торшавн 1:0 (2:2)

Штурм – Хаугесунд 2:1 (0:2)

Ајнтрахт Франкфурт – Флора Талин 2:1 (2:1)

ФЦСБ – Алашкерт 2:3 (3:0)

Олимпија Љубљана – Малатијаспор 0:1 (2:2)

Гзира јунајтед – Вентспилс 2:2 (0:4)

Есбјерг – Шахтјор Солигорск 0:0 (0:2)

Брондби – Лехија Гдањск 4:1 по продолженија (1:2)

Прогрес Нидеркорн – Глазгов ренџерс 0:0 (0:2)

Лудогорец – Валур 4:0 (1:1)

Лиепаја – Норчепинг 0:1 (0:2)

Нефчи – Арсенал Тула 3:0 (1:0)

Атромитос – Дунајска Стреда 3:2 (2:1)

Зрињски – Утрехт 2:1 по продолженија (1:1)

Јаблонец – Пјуник 0:0 (1:2)

Вадуц – Види МОЛ 2:0 по продолженија (0:1)

Динамо Тбилиси – Габала 3:0 (2:0)

Малме – Домжале 3:2 (2:2)

Клаксвик – Луцерн 0:1 (0:1)

Макаби Хаифа – Стразбур 2:1 (1:3)

Аполон – Шамрок роверс 3:1 (1:2)

АЕЛ – Арис 0:1 (0:0)

Шериф Тираспол – Паризани 1:1 (1:0)

Левски – АЕК Ларнака 0:4 (0:3)

Дебрецин – Торино 1:4 (0:3)

Хакен – АЗ Алкмар 0:3 (0:0)

Рига – Пјаст Гливице 2:1 (2:3)

Универзитатеа Крајова – Хонвед 0:0 (0:0) – на пенали 3:1

КуПС – Легија Варшава 0:0 (0:1)

Зорја Луханск – Будуќност 1:0 (3:1)

Виторул Констанца – Гент 2:1 (3:6)

Каират – Хапоел Бер Шева 1:1 (0:2)

Ордабаси – Млада Болеслав 2:3 (1:1)

Астана – Санта Колома 4:1 (0:0)

Чукарички – Молде 1:3 (0:0)

Диделанж – Шкендија 1:1 (2:1)

Фероникели – Слован Братислава 0:2 (1:2)

Линколн – Арарат 1:2 (0:2)

Судува – Тре Пене 5:0 (5:0)

Двојки за 3 квалификациско коло за Лига Европа

Сутјеска – Линфилд

Макаби Тел Авив – Судува

Арарат – Сабуртало

Рига – Хелсинки

Лудогорец – ТНС

Сараево – БАТЕ Борисов

Диделанж – Номе Калју

Астана – Валета

Шериф Тираспол – АИК

Слован Братислава – Дандалк

Норчепинг – Хапоел Бер Шева

Торино – Шахтјор Солигорск

Антверпен – Плзен

Австрија Виена – Аполон

Феенорд – Динамо Тбилиси

Брондби – Брага

Молде – Арис

Локомотив Пловдив – Стразбур

Тун – Спартак Москва

ФЦСБ – Млада Болеслав

Пјуник – Вулверхемптон

Митјиланд – Глазгов ренџерс

Мариупол – АЗ Алкмар

АЕК Ларнака – Гент

Легија Варшава – Атромитос

Хаугесунд – ПСВ Ајндховен

Риека – Абердин

Вентспилс – Виторија Гимараеш

Вадуц – Ајнтрахт Франкфурт

Партизан – Малатијаспор

Малме – Зрињски

ЦСКА Софија Зорја Луханск

Нефчи – Бнеи Јехуда

Луцерн – Еспањол

Спарта Прага – Трабзонспор

Универзитатеа Крајова – АЕК