Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазаров пред премиерниот меч на ракометното ЕП: Без бело знаме против Словенија

0
By Sashko on January 12, 2022 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг по пристигнувањето во Дебрецин каде утре ги очекува премиерниот настап на Европското првенство против Словенија.

Капитенот и селектор на националниот тим Кирил Лазаров на денешната онлајн прес-конференција истакна дека словенечката репрезентација е исклучително квалитетна, но оти „црвено-жолтите“ влегуваат во дуелот максимално мотивирани за успешен старт на Европското првенство.

Имаме целосен респект кон Словенија. Тие имаат квалитетни индивидуалци и се голем тим. Меѓутоа, ние не влегуваме во натпреварот со бело знаме. Иако фаворитската улога можеби е на нивна страна, ние ќе дадеме сè од себе за да приредиме изненадување, најави Лазаров.

Македонскиот селектор посочи дека амбицијата е да се мине групата А во која уште се Данска и Црна Гора и да се обезбеди пласман во втората фаза.

„Ние имаме желба да одиме во вториот круг. Тоа би било голем успех, не затоа што не заслужуваме да бидеме таму, туку затоа што на ждрепката добивме силни противници. Сепак сме во транзиција, потребно е време и мораме да бидеме трпеливи. Градиме репрезентација за следните десетина година. Не сакам да ги оптоварувам моите играчи со дополнителен притисок. Ние знаеме што сакаме, знаеме дека ќе дадеме сè, а останува да видиме дали тоа е доволно“, додаде Лазаров, пред утрешниот дуел против Словенија со почеток од 18 часот во салата „Феникс“ во Дебрецин.

Дебрецин ЕП Кире Лазаров Македонија ракомет репрезентација Словенија спорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.