Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажни вести во коалиција со коронавирусот

0
By Нова ТВ on March 26, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 26, 2020 10:52

Во време кога битката со короновирусот се одвива на сите фронтови и со сите ресурси, дел од медиумите, без елементарна проверка на фактите, објавуваат „вести“ кои може да создадат паника од поголеми размери, особено кога се однесуваат на лица од здравствениот сектор, кој е на првата борбена линија со вирусот.

„Веста“ на еден портал дека уште еден од директорите на министерот за здравство не ги почитувал препораките за изолација и ги ставил во опасност од зараза своите колеги, како и голем број вработени во комплексот клиники, беше пренесена од повеќе портали. Како уште поголем проблем беше посочено дека посочениот директор е и еден од лекарите именувани во Комисијата на Клиничкиот центар, задолжена да изготви план за постапување, сместување и третман на болните од Ковид-19.

Ова го принуди посочениот директор на Клиниката за очни болести, Христијан Дума, да се јави со демант. Тој во дописот тврди дека откако на неговата сопруга ѝ било одредено да се стави во самоизолација, таа се преселила во друг стан, а еден ден подоцна се обратил до Државниот здравствен инспекторат за да добие насоки за понатамошно постапување..

„Jас немам препорака за изолација. И покрај ова, но и покрај тоа што во тој момент мојата сопруга имаше негативен тест на Ковид-19, јас 10 дена не одев на работа за што може да посведочат сите мои колеги на очната клиника. Најодговорно тврдам дека мојата сопруга е во самоизолација на сосема друга адреса и точно 19 дена немаме никаков контакт, со што целосно ги почитуваме препораките од здравствените власти“, се вели во реакцијата на Дума.

Тој побaра порталот што ја објави веста и оние кои ја пренеле итно да ја повлечат и да се извинат.

„Јас како директор во здравствена установа, кој доследно ги спроведува барањата и препораките на моите колеги, сум вознемирен од ваквите клевети“, напиша Дума.

Шекеринска: Смислена пропаганда

Лажните вести не ги одминуваат ни претставниците на Владата. Иако на прес-конференција еднаш демантираше, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска вчера повторно беше принудена да одговара на обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за наводно трошење на буџетски средства.

„Во моментите кога нашата држава брои заразени и починати од коронавирусот и се бори со сите сили да го запре неговото ширење, една политичка партија си тера своја агенда. ВМРО-ДПМНЕ од својата лабораторија за лажни вести пушта приказни за наводни големи трошења на министрите за одбрана и за надворешни работи, што се разбира не е случајно туку е смислена пропаганда со цел да се минимизираат двата капитални успеси на оваа влада и министрите во чии ресори се одвиваа активностите за зачленувањето на државата во НАТО и отворањето на преговори со ЕУ“, реагираше Шекеринска.

Таа посочи дека оваа Влада јавно ги објавува сите трошоци на министрите, за разлика од претходната која ги направи класифицирани информации.

„За две години јас како министерка за одбрана сум потрошила 6 пати помалку од нивниот министер за одбрана, Зоран Јолевски, за ист толкав период. ВМРО-ДПМНЕ како познати љубители на пари треба да ги знаат овие податоци пред да влегуваат во кампања со цел со лаги да добијат ситни политички поени“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Димитров: Ако не помагате, не одмагајте!

Реагираше и министерот за надворешни работи, Никола Димитров по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека во период на криза, меѓу 17 и 20 март, МНР потрошило 1.457.517 милиони денари за патувања во странство.

„Ова е чиста лага. А која е вистината? – Јас лично во месец март немам ниту едно патување во странство. Последното патување, пак, на дипломат од МНР во странство е на 3 март. Оттука, МНР меѓу 17 и 20 март за службени патувања има потрошено нула денари. Ако веќе не помагате во време на вонредна состојба, аман, не одмагајте, срамота е“, одговори Димитров.

Тој објасни дека приказот од трезорот што го злоупотребува опозицијата се однесува на претходно реализирани авиокарти на дипломати од МНР во износ помал од 1.500 евра, и на редовна месечна дознака за патни трошоци на сите 57 дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во износ од приближно 22.000 евра.

Димитров објаснува дека тоа е редовна активност и изрази „згрозеност од фактот што таа се злоупотребува од луѓе кои ја разбираат, кои точно знаат за што се работи, а сепак одлучиле да манипулираат и да лажат“.

Коронавирус лажни вести Никола Димитров Радмила Шеќеринска Христијан Дума
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.