Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛЕ: Русите се фаворизираат, за Шпанците и Норвежаните е отворена група

0
By Нова ТВ on August 26, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 26, 2017 02:26

Различни се реакции од Санкт Петербург, од Сан Себастијан и од Трондхајм по ждрепката за групите во Европа лигата на УЕФА. Зенит, Реал Сосиедад, Розенборг и Вардар ги очекуваат меѓусебни пресметки во Л конкуренцијата низ цела есен пришто секој од нив влегува со свои сметки и адути.

Најоптимистичко расположение има во таборот на рускиот претставник кој го има и највредниот коефициент во групата. Фудбалерите на Роберто Манчини се сметаат за фаворити, не само за шеснаесетфинале, туку и за освојување на првото место на табелата на што недвосмислено упатува Александар Кокорин чиј тим, во плеј-офот, го елиминира холандски Утрехт по продолженија.

„Не знам многу за Вардар, но останатите наши противници во групата се доста атрактивни. Имавме добра ждрепка и мислам дека можеме до нокаут фазата. Зенит, според мене, е прв фаворит во групата“, порачува репрезентативецот на „зборнаја“.

Фото: uefa.com

Од Норвешка, пак, доаѓа избалансиран коментар на групата. Го испорача Каре Ингебригтсен, тренер на Розенборг, кој освен на противниците се осврна и на искуството од минатото со стариот познаник, Роберто Манчини.

„Имам победа против него кога игравме со Италија во 1991 година“, се наврати Ингебригтсен на репрезентативниот триумф на Норвежаните над „азурите“ на стадионот „Улевал“ во Осло пред повеќе од две децении.

Фото: rbk.no

Но, за разлика, од Кокорин, тој воопшто не го спомена Вардар во кусиот коментар за групата. Додуша не го спомена ниту неговиот Розенборг што, веројатно со „црвено-црните“, го сместува во описот на групата како отворена до која стигна низ плеј-оф двомеч против Ајакс.

„Реал Сосиедад за мене е фаворит. Зенит е, финансиски, најбогат клуб, но, сепак, не игра како што и се очекува од него во последно време. Имам впечаток дека групата е прилично отворена и ќе биде неизвесна“, додека Ингебригтсен чиј тим што го предводи во моментот беше елиминиран од Зенит во шеснаесетфиналето во ЛЕ во сезоната 2005/06.

Сан Себастијан со возбуда беше дочекана ждрепката за групите во Лига Европа. Настанот во „Грималди Форум“ во Монако се следеше организирано во клупскиот фан-шоп во присуство на фудбалерот Карлос Мартинез и Жон Баутиста. И сето тоа на задоволство на голем број навивачи, особено дечиња кои си набавија примероци од нивните омилени дресови пришто добија и автограми од двајцата миленици.

Фото: beta.realsociedad.com

„Пред нас е период на нови патувања низ Европа што секогаш претставува синоним за задоволство и уживање. Со оптимизам гледам на претстојните гостувања и желба дека ќе бидат повеќе од три за нас во сезоната. Зенит е силен, но силни сме и ние. Работевме напорно во изминатиор период и гледаме напред. Се надевам дека ќе играме добар фудбал, дека ќе успееме да ја минеме групата и да остане во Европа и наредната година што е наша цел“, истакна Мартинез.

Реал Сосиедад ги прескокна квалификациите за Лига Европа и, благодарение на освоеното шесто место во Примера, обезбеди директно учество во групната фаза за претстојната сезона. Тимот од „Аноета“ бележи одличен вовед во новиот шампионат на Шпанија. По триумфот над Селта во Виго со 3:2 во првото коло, синоќа го совлада и Вилјареал со 3:0 на домашен терен.

Ждрепка Лига Европа реакции фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.