Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига на Шампиони: Реал декласиран на „Вембли“, Сити победи во Неапол

0
By Нова ТВ on November 1, 2017 СПОРТ
Хари Кејн и Деле Али
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку се погледне целосната статистика од вечерашниот фудбалски натпревар помеѓу англискиот клуб Тотенхем и шпанскиот Реал Мадрид кој се одигра во рамките на Лигата на Шампионите на „Вембли“, би рекле дека се работело за изедначен меч, но со резултат 3-1, „Спарси“ ги декласираа „Кралевите“.

Главната улога на натпреварот ја одигра младиот англиски фудбалер од средниот ред, Деле Али. Тој со два гола, 27 и 56 минута го трасираше патот до победата, а точка стави Данецот, Кристијан Ериксен по еден час игра.

Роналдо во 80 минута погоди за само да го намали поразот.

Тотенхем е лидер во групата со 10 бода, пред Реал Мадрид со 7, а Борусија и АПОЕЛ одиграа 1-1 и остана на делба на третата позиција со по два освоени бода.

Англискиот Манчестер Сити пак одигра фантастично во Неапол, каде на гостински пораз го совлада Наполи со резултат 2-4.

Лоренцо Инсиње го отвори резултатот во 21 минута, но стоперите Отаменди и Стонс погодија за пресврт. Италијанецот Жоргињо погоди од пенал за 2-2, а по шест минути Серхио Агуеро им го врати водството на гостите. Конечните 2-4 дојдоа од копачката на Рахим Стерлинг во судиското продолжение.

Сити е лидер со максимални 12 бода, пред Шахтјор кој има девет, а Наполи остана со три бода и речиси минимални шанси за пласман во следната фаза.

По победата во Марибор од 0-7, Ливерпул вечерва во повратните натпревари од ЛШ, дома ги победи Словенците со 3-0, а и шпанската Севиљa прокнижи големи три бода со победата над Спартак Москва од 2-1.

Во оваа група Ливерпул е прв со осум бода, пред Севиља со седум и Москва со пет на две кола до крајот на групната фаза.

Група Е: Ливерпул – Марибор 3-0, Севиља – Спартак 2-1

Група Ф: Наполи – Сити 2-4, Шахтјор – Фејенорд 3-1

Група Г: Бешикташ – Монако 1-1, Порто – Лајпциг 3-1

Група Х: Борусија Д. – АПОЕЛ 1-1, Тотенхем – Реал Мадрид 3-1

Ливерпул Лига на шампиони Манчестер Сити Наполи Реал Мадрид Севиља Тотенхем фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.