Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лирман за „Дојче веле“: ЕУ и Бугарија да си го одржат ветувањето кон С. Македонија

0
By Sashko on January 21, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 21, 2022 09:35

Државната министерка во германското Министерство за надворешни работи Ана Лирман смета дека се многу позитивни и охрабрувачки сигналите од првата средба меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега, Кирил Петков во Скопје.

Во интервју за интервју за „Дојче веле“, Лирман изразува надеж дека земјава наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ. ЕУ и Бугарија, потенцира министерката, треба да си го одржат ветувањето кон Северна Македонија.

Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат. И за мене беше многу важна мојата посета, затоа што се случи веднаш по формирањето на новата влада и тоа му беше првата посета на новиот премиер (на С. Македонија, н.з.) и тоа покажува колку се добри односите меѓу Северна Македонија и Германија, што посетата се случи толку брзо, истакнува Лирман за „Дојче веле“.

Важно е, додава, што почнаа разговорите со Бугарија и тоа што се одвиваат во билатерален формат.

И од Скопје и од Софија пристигнаа позитивни, охрабрувачки сигнали и постои свест дека е важно што побрзо да се почне со пристапните преговори со ЕУ, нагласува министерката.

На прашањето да ги коментира критиките кон бугарскиот премиер Петков по враќањето во Софија и подготвеноста на Германија да ги поддржи преговорите меѓу двете земји, Лирман вели дека процесот треба да остане билатерален, но и дека интересот на новата бугарска влада треба да биде фокус на домашните приоритети.

Важно е сите ние како ЕУ, а тука припаѓа и Бугарија, да си го одржиме ветувањето кон Северна Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите, вели Лирман.

Лирман, која дојде на функцијата по формирањето на новата германска влада во декември минатата година, во интервјуто за „Дојче веле“ нагласи дека не случајно ги одбрала Скопје и Тирана како адреси за нејзиното прво патување во странство, а целта била да се покаже посветеноста на германската влада на европската перспектива на земјите од регионот.

Ана Лирман Бугарија Дојче Веле ЕУ интервју Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.