Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални избори 2021: Реконструкции на патишта, водоводни и канализациски системи, транспаретност се дел од ветувањата за граѓаните

0
By Sashko on September 30, 2021 ВЕСТИ
Фото: facebook.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реконструкции на локални патишта, водоводни и канализациски системи, транспаретност и соработка со граѓаните и реализација на проекти со кои ќе се подобри животот, се дел од ветувањата на партиите и кандидатите за градоначалници кои и денеска продолжуваат со предизборни активности во трката за доверба од граѓаните.

Со пораки дека се дава шанса за младите и дека со победа ќе ја потврдат исправноста на своите политики, коалицијата предводена од СДСМ вчера ги претстави своите кандидати за градоначалници и носители на советнички листи во Струмица, во Ново Село, во Босилово, во Василево, во Старо Нагоричане, во Штип и во Куманово.

СДСМ не би била СДСМ ако не предводи во промените. Даваме шанса на младите, на новата енергија во нив, на желбата тие на свој авангарден начин да се вградат во сегашноста и во иднината, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на митингот во Струмица, посочувајќи дека процесот е веќе почнат насекаде низ државата со поставување на млади кадри на раководни позиции.

Овие избори, според СДСМ, се избори на кои граѓаните ќе одлучат дали да одат напред или да се вратат во минатото.

Мицкоски сака да се врати во минатото. Тоа за него е новата иднина за која што само ВМРО-ДПМНЕ сонува. Зборува за поништувања на договорите со Грција и со Бугарија. Пак ќе ја испокараат државата со сите соседи. Ќе продолжат да го делат народот со режимски тактики, таму каде што застана Груевски и да го подриваат соживотот, за јавноста да се занимава со страв за својата безбедност, рече Заев во Струмица.

Дел од програмата на СДСМ која беше претставена вчера е воспоставување и на дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и брза и ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа.

За најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, претстојните избори се важен тест на кој граѓаните ќе одлучат во кој правец сакаат да се движи земјата. Критикувајќи ја власта предводена од СДСМ за лошо менаџирање со ковид-кризата и за лошото водење на државата, Мицкоски од митингот во Неготино ги повика граѓаните да се обединат во борбата против криминалот и корупцијата.

Заеднички патриотизам е заеднички да успееме, заеднички да ги вратиме добрите луѓе кои емигрираат. Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да го победиме криминалот, корупцијата, неправдите. Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џеб, повеќе можности за развој, да носиме добри вести, да се радуваме на новите работни места, рече Мицкоски.

Изборната програма, како што посочи, има повеќе од 14.835 проекти од различни области со кои се решаваат суштинските потреби на граѓаните како што се реконструкции на улици, градинки, училишта, спортски сали, итн.

Во фокусот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) е зелената агенда за која вчера говореше лидерот на партијата, Али Ахмети пред жителите на Пласница.

Никој не веруваше дека во оваа земја може заедниците да се разбираат меѓу себе. Има уште многу работа, дали има предрасуди, се разбира дека има. Оваа земја наскоро ќе биде дел од ЕУ и верувам дека оваа земја има капацитет да ги придвижи работите напред. Денес сме со нова агенда, многумина имаа дилеми, но ние излеговме со оваа платформа. Значи, оваа платформа е живот, таа е за свеж воздух, рече Ахмети.

И независните кандидати за градоначалници на средбите со граѓаните ветуваат решавње на комуналните проблеми, еднаков пристап и за урбаните и за руралните средини, вложувања во паркови и зелени површини, итн.

Локалните избори се закажани на 17 октомври. На овие избори за првпат ќе се применат апарати за читање на отисок на прст на гласачите. 

ВМРО-ДПМНЕ градоначалници ДУИ Изборни активности кандидати локални избори 2021 Македонија партии СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.