Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ: Атлетико со скалпот на Ливерпул, Дортмунд го слави Халанд

0
By Нова ТВ on February 18, 2020 СПОРТ
Фото: thisisanfield.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд со гол предност ќе патуваат во Ливерпул, односно, Париз на реванш мечевите од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.

Шпанскиот претставник го совлада Ливерпул со 1:0 во меч во кој погодокот на Саул од четвртата минута се покажа како решавачки за победникот на стадионот „Ванда Метрополитано“. Европскиот првак набрзо се созеде од шокот, воспостави контрола на теренот, ја имаше топката во посед, но не успеа да упати поконкретна закана кон голот на Јан Облак.

Во последната третина од првиот дел, „црвените“ постигнаа гол преку Мохамед Салат што беше оправдано поништен по претходен офсајд на Роберто Фирмињо. Египетскиот репрезентативец се закани во финишот, меѓутоа „виновник“ кој спречи израмнување беше добро поставениот Фелипе.

Сликата на тревникот не се промени ниту во продолжението. Ливерпул ја имаше иницијативата и топката, но блокот во играта на Атлетико на средина на теренот, едноставно беше непробоен за фудбалерите на Јирген Клоп.

Халанд со два гола го реши ПСЖ

Ерлинг Халанд го реши победникот на стадионот „Вестфален“ во Дортмунд и со два гола им донесе триумф на „милионерите“ над ПСЖ. Норвешкиот интернационалец погоди во 69. минута и во 77. минута и со десет гола е водечки стрелец во Лигата на шампиони.

Голот за „светците“ беше дело на Нејмар во 75. минута по додавање од Килијан Мбапе.

Лига на шампиони, осминафинале, први мечеви

Атлетико Мадрид – Ливерпул 1:0

Борусија Дортмунд – ПСЖ 2:1

Среда

Аталанта – Валенсија (21 ч.)

Тотенхем – Лајпциг (21 ч.)

Атлетико Мадрид Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд Лига на шампиони Осминафинале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.