Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ: Барса го преживеа „Стемфорд бриџ“, Баерн го разнесе Бешикташ

0
By Нова ТВ on February 20, 2018 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Барселона безбедно го мина Лондон преку „Стемфорд бриџ“ додека Баерн во Минхен го „разнесе“ Бешикташ во вечерашните први осминафинални дуели во фудбалската Лига на шампиони. Каталонците одиграа 1:1 против Челзи за прекинување на повеќегодишниот пост на гостувањата кај „сините“, а Баварците го декласираа турскиот ривал со 5:0 за формален реванш во Истанбул.

Спасител на Барселона во англиската престолнина беше Лионел Меси во 75 минута по асистенција на Андрес Иниеста. Водство за Челзи обезбеди Вилијан во 62 на додавање од Еден Азар. Покрај реализацијата, Бразилецот на двапати ја тресеше рамката од голот на Тер Штеген.

Роберт Левандовски и Томас Милер, пак, имаа своја вечер на „Алијанц арена“. Полскиот и германскиот репрезентативец се јавија во улога на двојни стрелци и асистенти за домашната екипа за нокаут на, и онака, грогираниот Бешикташ кој од 16 минута играше без исклучениот Домагој Вида.

Серијата голови во Минхен ја отвори Милер во 43 минута кој „стрелаше“ и во 66 минута. На него се надоврза Левандовски во 79 минута и во 88 минута, петтиот гол за Баварците, втор на средбата, беше дело на Кингсли Коман во 53 минута.

Утревечер (20,45 ч.) се играат и последните два меча од осминафиналето во ЛШ. Севилја ќе игра пред своите гледачи со Манчестер јунајтед, а Шахтјор во Харков ја дочекува Рома.

Лига на шампиони, осминафинале, први мечеви

Челзи – Барселона 1:1

Баерн Минхен – Бешикташ 5:0

Реал Мадрид – ПСЖ 3:1

Порто – Ливерпул 0:5

Јувентус – Тотенхем 2:2

Базел – Манчестер сити 0:4

Утре играат

Севилја – Манчестер јунајтед (20,45 ч.)

Шахтјор Доњецк – Рома (20,45 ч.)

Баерн Минхен Барселона Бешикташ Лига на шампиони фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.