Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ: Јувентус и Баерн М. со пресврт до три бода, Ц. звезда „настрада“ во Лондон

0
By Нова ТВ on October 23, 2019 СПОРТ
Фото: yahoo.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 23, 2019 01:42

Пресврт победи на Јувентус и Баерн Минхен, ПСЖ е единствен со максимален ефект и без примен гол во групата А додека Црвена звезда „настрада“ во Лондон во мечевите од третото коло во А-Д групниот сегмент во фудбалската Лига на шампиони.

Локомотив Москва беше на праг на сензација во Торино. Со голот на Алексеј Миранчук поведе во 30. минута и ја одржуваше предноста до завршницата од средбата со Јувентус. Но, старата дама, сепак, не дозволи изненадување пред своја публика и во само две минути го сврти резултатот во своја корист. Пауло Дибала погоди во 77. минута и во 79. минута за 2:1, водство што актуелниот италијански првак го сочува крајот во третиот настап во групата Д.

Баерн Минхен ја „преживеа“ Пиреја. Баварците го совлада Олимпијакос со 3:2 на неговиот стадион „Јоргос Караискакис“ и останаа лидери на табелата во групата Б. Грчкиот претставник поведе преку Мароканецот Јусеф ел Араби во 23. минута за Роберт Левандовски во 34. минута, со својот прв гол на средбата, да израмни на 1:1. Полскиот репрезентативец реализира и во 62. минута за 2:1 за тимот на Нико Ковач, а Корентин Толисо во 75. минута ја запечати победата на гостите од „Алијанц арена“. Олимпијакос до крајот успеа до втор гол (Гилјерме 79’) за ублажување на поразот.

Тотенхем се оддолжи на навивачите за дебаклот од Баерн Минхен во претходната рунда. „Спарси“ во Лондон ја поразија Црвена звезда со 5:0 во меч во кој се беше решено уште во првиот дел. Хари Кејн беше двоен стрелец за премиерлигашот во 9. минута и во 72. минута, двапати погоди и Јужнокореецот Сон Хеунг Мин (16’ и 44’), а противничката мрежа, меѓу нив, ја погоди и Ерик Ламела во 57. минута.

ПСЖ, пак, е единствената екипа со максимален ефект и без примен гол по три одиграни натпревари во ЛШ. „Светците“ со 5:0 го декласираа Бриж кој не беше ниту сенка од ремито со Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Хет-трик постигна Килијан Мбапе (61’, 79’, 83’), останатите два гола за парижани ги потшиша Мауро Икарди (7’, 63’).

Лига на шампиони

Група А

Бриж – ПСЖ 0:5

Галатасарај – Реал Мадрид 0:1

Табела: ПСЖ 9, Реал Мадрид 4, Бриж 2, Галатасарај 1.

Идно коло (6.11.2019 год.): ПСЖ – Бриж, Реал Мадрид – Галатасарај

Група Б

Тотенхем – Црвена звезда 5:0

Олимпијакос – Баерн Минхен 2:3

Табела: Баерн Минхен 9, Тотенхем 4, Црвена звезда 3, Олимпијакос 1.

Идно коло (6.11.2019 год.): Баерн Минхен – Олимпијакос, Црвена звезда – Тотенхем

Група Ц

Манчестер сити – Аталанта 5:1

Шахтјор Доњецк – Динамо Загреб 2:2

Табела: Манчестер сити 9, Динамо Загреб 4, Шахтјор Доњецк 4, Аталанта 0.

Идно коло (6.11.2019 год.): Аталанта – Манчестер сити, Динамо Загреб – Шахтјор

Група Д

Јувентус – Локомотив Москва 2:1

Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен 1:0

Табела: Јувентус 7, Атлетико Мадрид 7, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен 0.

Идно коло (6.11.2019 год.): Локомотив Москва – Јувентус, Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид

Баерн Минхен Јувентус Лига на шампиони фудбал Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.