Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ: Реал М. го преживеа Рим, Мурињо шоу на „Олд Трафорд“

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дури седум екипи во Е – Х групниот сегмент во фудбалската Лига на шампиони осигураа осминафинале. Единствена непознаница по вечерашните дуели од претпоследното петто коло е кој ќе прави друштво на Манчестер сити во нокаут фазата од групата Ф за што ќе решаваат Шахтјор Доњецк и Олимпик Лион низ меѓусебен дуел во Украина.

Реал Мадрид во дербито славеше над Рома со 2:0. Стрелци за европскиот шампион на „Олимпико“ беа Бејл во 47. минута и Лукас во 59. минута. И двете екипи, сепак, ќе бидат меѓу 16. најдобри во УЕФА клупската елита со оглед на триумфот на Викторија Плзен над ЦСКА во Москва со 2:1 со пресврт во второто полувреме.

Најубедливата победа ја забележаа фудбалерите на Баерн Минхен кои на својата „Алијанц арена“ ја декласираа Бенфика со 5:1. Мрежата на Португалците по двапати ја тресеа Арјен Робен (13 минута, 30 минута) и Роберт Левандовски (36 минута, 51 минута), за „петарда“ се погрижи Франк Рибери во 76. минута. Почесниот за гостите од Лисабон беше дело на Жедсон Фернандеш во 46. минута.

Левандовски, покрај колективната причина за задоволство на Баварците со најновите три освоени бода, имаше и лична. Напаѓачот на репрезентацијата на Полска влезе во клубот на играчи со 50. погодоци во ЛШ во што од 77 натпревари. Останатите четворица се Руд ван Нистелрој (62 меча), Лионел Меси (66 меча), Кристијано Роналдо (92 меча) и Карим Бензема (95 меча).

Тимот на Ајакс е вториот осминафиналист од групата Е по триумфот над АЕК во Атина со 2:0. Двата гола за холандскиот претставник ги постигна Душан Тадиќ во 68. минута од пенал и во 72. минута по асистенција на Јан Клас Хунтелар.

Групата Х донесе два минимални триумфа (1:0) на домашните екипи. Јувентус со голот на Марио Манџукиќ во 59. минута ја порази Валенсија додека Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ славеше над Јанг Бојс. Спасител на „црвените ѓаволи“ беше Маруан Фелаини чиј погодок во екстра времето на средбата беше причина за шоу прослава на менаџерот Жозе Мурињо.

Лига на шампиони

Резултати, 5 коло

Група Е

Баерн Минхен – Бенфика 5:1

АЕК – Ајакс 0:2

Табела: Баерн Минхен 13, Ајакс 11, Бенфика 4, АЕК 0.

Идно коло (12 декември): Ајакс – Баерн Минхен, Бенфика – АЕК.

Група Ф

Хофенхајм – Шахтјор Доњецк 2:3

Олимпик Лион – Манчестер сити 2:2

Табела: Манчестер сити 10, Олимпик Лион 7, Шахтјор Доњецк 5, Хофенхајм 3.

Идно коло (12 декември): Манчестер сити – Хофенхајм, Шахтјор Доњецк – Олимпик Лион.

Група Г

Рома – Реал Мадрид 0:2

ЦСКА Москва – Викторија Плзен 1:2

Табела: Реал Мадрид 12, Рома 9, Викторија Плзен 4, ЦСКА Москва 4.

Идно коло (12 декември): Реал Мадрид – ЦСКА Москва, Викторија Плзен – Рома.

Група Х

Манчестер јунајтед – Јанг Бојс 1:0

Јувентус – Валенсија 1:0

Табела: Јувентус 12, Манчестер јунајтед 10, Валенсија 5, Јанг Бојс 1.

Идно коло (12 декември): Јанг Бојс – Јувентус, Валенсија – Манчестер јунајтед.

Жозе Мурињо Лига на шампиони Манчестер Јунајтед Реал Мадрид Рома фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.