Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мадрид одговори: Пучдемон не знае каде се наоѓа, каде оди ниту со кого

0
By Нова ТВ on October 11, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 11, 2017 09:37

Шпанската влада ја отфрли декларацијата за независност што вчера на говорницата на каталонскиот парламент ја потпиша каталонскиот лидер Карлес Пучдемонт и воедно го отфрли повикот за посредништво во преговорите.

Вицепремиерката на Шпанија Сораја Саeнс де Сантамарија изјави дека Пучдемон не знае каде се наоѓа и каде оди, коментирајќи го потегот на каталонскиот лидер, кој веднаш по прогласувањето независност, ја суспендира оваа одлука.

-Денешниот говор на претседателот на Каталонија е говор на човек кој не знае каде се нбаоѓа, каде оди, ниту со кого сака да оди таму. Ниту г-дин Пучдемон ниту некој друг може да наметне посредништво. Откако ја донесе Каталонија до најголемите тензии во својата историја, претседателот Пучдемон сега го доведе својот автономен регион до највисокото ниво на несигурност, рече таа.

За денеска е закажана вонредна седница на шпанската влада на која ќе се разговара за одговорот на каталонската одлука.

Вицепремиерката на Шпанија Сораја Саенс де Сантамарија

Пучдемон потпиша синоќа декларација за независност на Каталонија од Шпанија, која потоа ја суспендира, нарекувајќи го чин на одговорност, со што се остава простор за преговори со централните власти.

Во документот се наведува дека се формира  „Република Каталонија како независна, суверена и правна држава“.

Обраќајќи се до каталонскиот парламент во Барселона, Пучдемон рече дека автономниот регион добил право да биде независен како резултат на гласањето.

-Ги повикуваме меѓународните држави и организации да ја признаат каталонската република како независна и суверена држава, рече тој.

Тој додаде дека “народната волја” е отцепување од Мадрид, но, истакна дека целта е сепат да се намалат тензиите околу ова прашање.

-Предлагам суспендирање на ефектите од прогласувањето независност за да превземат разговори во наредните недели, без што не е можно да се постигне договорено решение, рече Пучдемонт пред пратениците.

Поддржувачите на независноста кои беа собрани пред Парламентот во Барселона го поздравија ставот на Пучдемон, но видно беа разочарани од конечниот став.

Речиси 90 отсто од гласачите на референдумот на 1 октомври ја поддржаа независноста со одѕив од 43 отсто. Гласачите кои беа против во голема мерка го бојкотираа гласањето.Националната полиција употреби сила за да го спречи одржувањето на референдумот, а светот беше сведок на сцени на исклучително насилство.

Пред обраќањето на Пучдемон влера, влијателни личности, меѓу кои градоначалникот на Барселона, Ада Колау и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, го повикаа да се откаже од прогласувањето независност.

Каталонија е еден од најбогатите региони во Шпанија, но по референдумот, многу компании објавија дека ги повлекуваат своите седишта од Каталонија, како одговор на кризата.

Европската унија јасно стави до знаење дека ако Каталонија се оддели од Шпанија, регионот ќе престане да биде дел од ЕУ.

Каталонија независност парламент Пучдемон Сантамарија суспендирање Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.