Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе бара помош од ЕУ за борба против корупцијата

0
By Светлана Јовановска on December 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 10, 2017 12:07

Македонија ќе побара од Европската комисија (ЕК) контрола на корупцијата преку посебен европски механизам за мерење на корупцијата. Механизмот го креираше ЕК за нејзините земји членки.

НОВА дознава дека македонските власти ќе побараат од Комисијата нашата земја да стане дел од тој механизам и методологија за мерење на корупцијата и извештаите што потоа се објавуваат со резултатите од мерењето и европските совети. Според нашиот извор, Македонија не стравува ниту од објективна оценка во оваа област и се надева дека тоа ќе помогне за намалување на корупцијата.

А тоа е неопходно за да може Македонија да го добие зеленото светло не само за старт на преговори за членство и за непречен тек на тие преговори туку и за самиот влез во стратегијата за Балканот што ја најави ЕК за февруари 2019 година.

Во ЕУ Франција застана на чело на битката за борба против корупција. Таа бара од земјите кандидати да покажат сериозни и кредибилни резултати во борбата против корупција за да можат да го добијат францускиот благослов за ЕУ.

Морален јавен живот – сега или никогаш, им вети Макрон на Французите

– Добро е познато дека Франција е не е многу наклонета кон проширувањето на ЕУ кон Балканот па оттука, за да ја заслужите довербата на оваа земја основач на ЕУ морате вистински да се борите против корупцијата и да покажете резултати, вели извор на НОВА во Брисел.

Со доаѓањето на Емануел Макрон на чело на Франција, оваа земја реши тотално да се ослободи од корупцијата и да стане пример дури и за скандинавските земји. Еден од првите чекори на Макрон беше донесување на закон за доверба во државните институции. Новиот закон, донесен во септември, е строг и бара од сите државни функционери, почнувајќи од самиот претседател, да одговорат на цела низа критериуми за да можат да ја вршат функцијата а исполнувањето на тие барања ќе биде контролирано од посебно независно тело за транспарентност на јавниот живот.

Новата македонска власт се обврза пред граѓаните дека земјата ќе ја води кон ЕУ и оттука ќе побара конкретна помош од ЕУ со барањето за влез во европскиот механизам за мерење на корупцијата.

Првиот Извештај ЕУ за анти-корупција беше објавен во февруари 2014 година и тој дава јасна слика за нивото на корупцијата и борбата против корупција во секоја земја членка. Во тој извештај се наведени мерките и политиките што во една земја се спроведуваат во оваа област како и областите во кои борбата против овој феномен може да се подобри.

Целта на овој механизам е да се креира рамка со која ќе се олесни размената на искуства и знаења помеѓу земјите членки во борбата против корупција и со кој земјата учесник ќе може да се одговори на меѓународните обврски во оваа област.

За ЕУ борбата против корупцијата е еден од највисоките приоритети па Македонија смета дека во својата подготовка за членство во ЕУ мора да ги примени европските стандарди и да се ослободи од огромниот товар на корупцијата што ја осиромашува земјата и ја намалува довербата на граѓаните во демократијата и во институциите.

Со влезот во овој европски механизам Македонија би добивала секоја година детален извештај за сите слаби точки и пропусти во земјата во борбата против корупцијата. Како на пример за конфликтот на интереси, законите против корупција во јавниот и приватниот сектор, ефикасноста на судството во оваа област, одговорноста на политичкиот персонал, финансирањето на политичките партии и, можеби најважното – секторот на јавни набавки особено изложен на злоупотреби.

 

борба против корупција Европска комисија европски механизам за мерење на корупцијата ЕУ Македонија проширување Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.