Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонска политичка сцена: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе достави предлог за укинување на техничката влада, за СДСМ нема предвремени избори

0
By Sashko on January 23, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 23, 2022 09:03

ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за предвремени парламентарни избори, наспроти ставот на власта дека ќе се оди на редовни избори во 2024 година оти соочување со волјата на народот во услови на здравствена, на економска и на енергетска криза се неполезни. Опозициската партија најави и доставување до Собранието на предлог за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори.

Предложените измени на Законот за Влада од опозициската партија најавуваат дека ќе ги поднесат утре, дека предвидува бришење на околу девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историја, но и дека измените одат со барање за предвремени избори.

Најавивме дека ќе поднесеме предлог закон за предвремени парламентарни избори кои по секоја цена ќе се случат, без разлика што си замислуваат во СДСМ. Во тој предлог закон кој што ќе го предложиме, а го најави и претседателот Мицкоски ќе има бришење на околу девет точки кои се однесуваат на техничката влада која што имавме прилика да ја видиме на кој принцип функционираше во изминатите години пред избори. По однос на тоа прашање, последиците кои што ќе произлезат од тој предлог закон ќе бидат враќање на моделот на функционирање на парламентарни избори или предвремени парламентарни избори пред 2016 година, изјави вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска, пак, вчера истакна дека ставот на СДСМ околу изборите е јасен и повеќе пати досега искажан – нема време за парламентарни избори во услови на глобални кризи.

Важно е да се напомене дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа се покажа и при изборот на владата и сметаме дека конечно по 15 години една влада треба да го издржи мандатот од четири години, потенцира Кузевска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски завчера во интервју за ТВ Сител изјави дека според него има десетици причини за предвремени парламентарни избори.

Резултатите на последните локални избори, во првиот и во вториот круг, мерењето на јавното мислење претходно, имаше вест во која јавноста кажува што очекува, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада, бидејќи оваа ја води Македонија во погрешна насока, рече Мицкоски.

Тој истакна дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека сè уште очекува покана за средба од него. Вели не ја условил таа средба, туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламенатарни избори.

Ковачевки, пак, претходно изјави дека ќе стапи во контакт со лидерот на опозицијата, но напомена дека тој нема да прифати разговор со уцени.

Ќе контактирам со Мицкоски, ќе му се јавам, јас кажав дека под уцени нема да разговараме. Но, јас како премиер морам да разговарам со сите, фокусот сега е на енергетската криза и на сето она што ни се случува во државата. И тоа се надевам ќе го прифати како аргумент и ќе разговараме, изјави премиерот Ковачевски неодамна во интервју за ТВ Канал 5.

Тој повтори дека во услови на здравствена, енергетска и економска криза е целосно неполезно да се бараат избори.

Концептот техничка влада предвидува соработка меѓу власта и опозицијата во периодот до спроведување на изборите, имајќи предвид дека одлуките усогласено треба да ги носат и министерот и заменикот во ресорите, каде и власта и опозицијата имаат свои претставници. Решението за техничка Влада првично беше применето по кризата која настана, откако Зоран Заев како лидер на опозицијата во 2015 година почна со објавување на „бомбите“, по што следеа предвремени избори. Од 2016 година досега Северна Македонија имаше две технички влади, првата предводена од Емил Димитриев, втората од Оливер Спасовски.

Согласно сегашното законско решение техничкиот премиер го предлага партијата на власт, најголемата опозициска партија ги предлага министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Власта има свои заменици во МВР и МТСП, додека опозицијата има свои заменици во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сепак политичките чинители во земјава и од власта и од опозицијата изминативе години го отворија прашањето дали на земјава воопшто и треба ваква влада пред избори, при што преовладува ставот дека треба да се отвори дебата и да се преобмисли ова решение.

ВМРО-ДПМНЕ Македонија предвремени избори предлог СДСМ Техничка Влада укинување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.