Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малта на чело на ЕУ, Австрија го презеде претседавањето со ОБСЕ

0
By Нова ТВ on January 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 1, 2017 11:54

Малта од денеска го презема шестмесечното ротационо претседавање со Советот на ЕУ, а како приоритети за време на својот мандат ги постави прашањата поврзани со миграцијата, безбедноста, единствениот европски пазар, како и соседската политика и поморскиот сектор.

На прашањата за плановите во областа на проширувањето на ЕУ од Претседателство на Малта најавуваат дека ќе ги продолжат активностите почнати од страна на претходниот претседавач, Словачка, јави Танјуг.

– Малтешкото претседавање останува посветено на процесот на проширување. Проширувањето на ЕУ е долготраен процес кој бара силни реформи од земјите-кандидатки, изјави портпаролката на Претседателството на Малта, Венди Борг.

Како апсолутен приоритет на своето претседавање, прво од влегувањето во ЕУ, Малта ги наведува миграцијата, политиката на азил, но и безбедноста на ЕУ, како внатре во Унијата, а така и на нејзините надворешни граници.

Од денеска и Австрија го презеде претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а со тоа мора да се грижи за безбедноста, демократијата и човековите права од Владивосток до Ванкувер.

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц во улога на претседавач на ОБСЕ ќе отпатува во вторник во Украина. Тој е планирано да ја посети линијата на фронтот во источна Украина со цел да се запознае со ситуацијата.

– Мораме да сториме се за да се избегне натамошна ескалација на вооружените судири, рече Курц во пораката по повод преземањето на претседавањето со ОБСЕ.

Тој исто така нагласи дека безбедноста на населението во источна Украина мора да биде приоритет.

Во решавањето на украинската криза Курц сака зајакнување на соработката со Москва, бидејќи како што напомена повеќе пати досега, нема мир во Европа без Москва.

Курц конкретно смета дека би требало постепено да се укинуваат санкциите на ЕУ кон Русија за напредок во решавање на украинскиот конфликт. Приоритетите на претседавањето на Австрија ќе ги претстави на седницата на Постојаниот совет на ОБСЕ на 12 јануари.

Австрија, по Германија и Швајцарија е третата земја која по втор пат претседава со ОБСЕ. Прв пат претседаваше во 2000 година.

Австрија ЕУ Малта ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.