Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Процесот на пристапување кон ЕУ, де јуре и де факто почна на 19 јули

0
By Mirjana on July 21, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 21, 2022 13:04

„Ги започнавме преговорите онака како што ветивме со заштитен македонски јазик и идентитет. Се е направено пред се заради нас, за нашите граѓани и за нашите деца да живеат подобро и да живеат како сите останати европски народи, со овие зборови денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја почна презентацијата и објаснувањето за тоа што значи скринингот и колку се очекува истиот да трае.

„Де јуре и де факто, процесот започна пред два дена на 19 јули кога ја одржавме првата меѓувладина конференција која ја означува последната етапа од нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, изјави вицепремиерот Маричиќ веројатно сакајќи уште еднаш да се спротивстави на тврдењата од опозицијата дека во вторникот во Брисел не се случило никакво почнување на преговорите.

Маричиќ амбициозно порача дека очекува процесот на скриниг да заврши за 16 месеци бидејќи Македонија уште во 2018 и 2019 година почна процес на објаснувачки скрининг.

„Северна Македонија почна објаснувачки состаноци за дел од поглавјата во  2018 и 2019 година во рамки на кои беа презентирани  над 8000 акти на кои работеа 2000 наши службеници. Овој пат полесно ќе ни биде зашто не почнуваме од нула, изјави вицепремиерот Маричиќ кој нагласи дека одамна се работи на човечки ресурси кои ќе бидат директно вклучени во преговорите, дека земјава има такви капацитети и апелира младите напредни  кадри да не ја напуштаат земхјава туку да се задржат тука зашто ќе бидат потребни на процесот.

Маричиќ истакна дека веќе 45 отсто од нашето законодавство е усогласено со европското и додаде дека постојано се зголемуваат капацитетите за превод на македонски јазик. Само минатата година биле преведени 17 000 страници од европското „аки“.

„Скринингот се состои од две фази. Објаснувачки скриниг каде Европската комисија на државата кандидати и ги презентира клучните правни акти за секое поглавје и билатерален скриниг каде земјата кандидат го презентира степенот на усогласеност на националното законодавство согласно со презентираните акти на ЕУ за време на претходната фаза, но исто така и институционалните капацитети и спроведувањето на законите, истакна Маричиќ.

Појасни дека скринингот, иако се гледа како техничка операција мора да се гледа како суштински елемент на пристапните преговори претставувајќи ги шесте кластери на преговарачки поглавја/теми и појасни за секоја од нив какви се нашите обврски и начинот за нивно усвојување.

Кластер 1. Фундаментални вредности

23 -Правосудство и фундаментални права

24 -Правда, слобода и безбедност

Економски критериуми

Функционирање на демократските институции

Реформа на јавната администрација

5 -Јавни набавки

18 –Статистика

32 -Финансиска контрола

Кластер 2. Внатрешен пазар

1-Слободно движење на стоки

2-Слобода на движење на работници

3-Право на основање и слобода на давање услуги

4-Слободно движење на капитал

6-Право на трговски друштва

7-Право на интелектуална сопственост

8-Политика на конкуренција

9-Финансиски услуги

28 –Заштита на потрошувачи и здравствена заштита

Кластер 3. Конкурентност и инклузивен раст

10 -Информатичко општество и медиуми

16 –Оданочување

17 -Економска и монетарна политика

19 -Социјална политика и вработување

20 -Претпријатија и индустриска политика

25 -Наука и истражување

26 -Образование и култура

29 -Царинска Унија

Кластер 4. Зелена агенда и одржлива поврзаност

14 -Транспортна политика

15 –Енергија

21-Трансевропски мрежи

27 -Животна средина и климатски промени

Кластер 5. Ресурси, земјоделство и кохезија

11 –Земјоделство и рурален развој

12 -Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

13 –Рибарство

22 –Регионална политика и координација на структурни инструменти

33 –Финансиски и буџетски одредби

Кластер 6. Надворешни односи

30 –Надворешни односи

31 –Надворешна, безбедносна и одбранбена политика.

(М.Т.) 

 

маричиќ скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.