Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел на прес во Берлин: Северна Македонија направи „неверојатен скок“

0
By Нова ТВ on January 17, 2020 СВЕТ
Фото: yahoo.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2020 09:45

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Пленковиќ во Берлин оцени дека со решавање на спорот за името, Северна Македонија направила неверојатен чекор напред и изрази силна поддршка за евроинтегративните процеси на Скопје и на Тирана.

Северна Македонија и Албанија заслужуваат почеток на преговорите со ЕУ, но на тој пат обете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите, оцени Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Фото: balkaninsight.com

„Во случајот на Северна Македонија, со решавањето на спорот за името беше направен неверојатен скок затоа што тоа прашање беше причина за блокада“, рече Меркел во Берлин.

Таа вели дека двете земји кандидати не треба да се одвојуваат, но дека би можеле да одат по одвоени патишта откако ќе ги започнат преговорите.

„Сметам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово во една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да започнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси“, рече Меркел.

Германската канцеларка признава дека на самитот на ЕУ во декември не успеале да постигнат договор со Франција за повторно отворање на прашањето за почетокот на преговорите, но се надева дека тоа ќе се случи на самитот на ЕУ во март годинава.

Фото: ft.com

Меркел смета дека самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во јуни во Загреб е важен настан, и вели дека доколку се отворат преговори со Скопје и Тирана, тоа ќе биде „важен сигнал“.

„Германија е подготвена на тоа. Тоа му го кажавме и на претседавачот (Хрватска, н.з.). Сакаме заеднички да го исполниме тоа“, додаде германската канцеларка.

Хрватскиот премиер Пленковиќ во изминативе недели, откако неговата земја го презеде претседавањето со ЕУ, имаше серија средби со водечките претставници на ЕУ, како и со земјите-членки. Од средбата со францускиот претседател Емануел Макрон произлегоа оптимистички најави од Загреб дека е можно придвижување во проширувањето доколку Европската Комисија до крајот на месецов ја заврши работата на реформата на методологијата што ја бараше Париз.

Фото: siol.net

„Знам каква важност му придавате на процесот на проширување и сакам заедно со вас да постигнеме состанокот во Загреб во мај да биде момент на напредок за ЕУ. Но, затоа мора да ја смениме парадигмата во однос на нашата последна расправа во Советот во октомври. Франција предложи нова методологија за процесот на проширување да не биде само технократски процес, туку вистински напреден и ревирзибилен политички пат“, изјави Макрон по средбата со Пленковиќ во Париз.

Ангела Меркел Берлин Македонија Порака
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.